Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој беше приведен од страна на полицијата, а според официјалното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, Лукас во ресторанот во Кавадарци настапувал без потребна дозвола. Од овие причини околу 00.10 часот концертот на Аца Лукас беше прекинат и пејачот …

Continue Reading

Погба воодушевен, навивачите го поздравија со овации

По две години, два месеци и 19 дена, Пол Погба му се врати на фудбалот. Толку време помина откако беше суспендиран поради позитивен допинг тест. И многу, многу повеќе помина од последниот пат кога одигра цел натпревар. Триесет и двегодишниот Погба влезе во игра во саботата во 84-та минута во поразот на Монако од Рен (1:4). Навивачите го поздравија со …

Continue Reading

По поплавите во Царев Двор и Дрмени, Општина Ресен најави дезинфекција на улиците

По поплавите што ги зафатија преспанските села Царев Двор и Дрмени, Општина Ресен најави дека утре, доколку времето се стабилизира, ќе започне дезинфекција на улиците и јавните површини со хлор, со цел спречување на здравствени ризици. Како што изјави за МИА градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, намерата е преку дезинфекција да се отстранат потенцијалните проблеми. -Денеска продолжуваме со интензивно …

Continue Reading

Некогаш и Јокиќ не може сам, Денвер поразени од Сакраменто

Пет натпревари се одиграа во НБА во ноќта помеѓу саботата и неделата. Никола Јокиќ одигра уште еден брилијантен натпревар, но неговиот Денвер доживеа пораз на домашен терен од Сакраменто Кингс 123:128. Првото полувреме им припадна на Денвер. Јокиќ и неговите соиграчи имаа 65:61 на паузата, што се покажа како недоволно. Во текот на третата четвртина, Кингс вратија уште три поени, …

Continue Reading

Почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина

Високи претставници на САД и на Украина, како и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија денеска во Женева, Швајцарија ќе разговараат за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина. Новоименуваниот специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина, Даниел П. Дрискол веќе пристигна во Женева, а се очекува да …

Continue Reading

Водостоите на реките над просек, рекордни зголемувања кај Треска и Сатеска

Водостоите на речните текови во земјава денеска се значително повисоки од просекот за месец ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Единствено кај реката Брегалница во Берово е измерен водостој понизок од просекот – 12 сантиметри, наспроти вообичаените 22. Кај останатите реки се бележат зголемувања. Вардар кај Јегуновце и кај Велес има двојно повисоки вредности од просекот, додека …

Continue Reading

Маж ја силувал поранешната девојка, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Гевгелија соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Полов напад и силување“. Според обвинителството, постои основано сомнение дека на 19 ноември осомничениот, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на оштетената, ја принудил на сексуален однос. -Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која …

Continue Reading

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. -Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената …

Continue Reading

Поради одрон во прекин патот Крива Паланка – Деве Баир

Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните …

Continue Reading