Премиерот Христијан Мицкоски информира дека одржал средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за состојбата со нафтените деривати во услови на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија.
Како што објави Мицкоски на Фејсбук, на средбата било констатирано дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола.
„Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат“, напиша премиерот.
Тој додаде дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и ќе реагираат во зависност од реалните потреби.