Кривична против директор на основно училиште од Ростуше: вработил наставници без факултет
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против 64-годишниот А.С. од село Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во село Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно …
Continue Reading
Кривични против тројца прилепчани: пронајдена дрога и оружје, како и предмети кои потекнуваат од тешки кражби
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „изработување, набавување на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“, „фалсификување …
Continue Reading
(Видео) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните
Со небулози не можат да се покријат системските пропусти за нефункционирањето на јавниот превоз, констатираше советничката од редовите на партијата Левица во Град Скопје Евгенија Станкоска, коментирајќи ги предлог програмите на градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски кои предвидуваат проекти за подигање на свеста за користење на јавниот превоз. „Искрено, не сметам дека е соодветно да се троши време на банална програма. Сакам …
Continue Reading
(Видео) Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице: двајца уапсени од кои едниот е полицаец
Вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил …
Continue Reading
Киву: Интер е како машина за перење алишта
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше прогласен за најдобар романски тренер во 2025 година. Тоа е големо признание за 45-годишникот, кој стана тренер на сениорски тим дури оваа година. Тој ја презеде Парма во февруари, а потоа се врати во Интер, каде што работеше во фудбалската академија, пред да се пресели во Парма. Од минатото лето одигра 27 натпревари со …
Continue Reading
Мицкоски: Очекувам државниот јавен обвинител да се позанимава со кривичните пријави во фиоките на обвинителите
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на прашање посветено на изборот на в.д. државен јавен обвинител и очекувањата од сферата на обвинителството во идниот период. Мицкоски посочи дека од информациите кои ги има, процедурата за избор на државниот обвинител во Собранието треба да заврши за 2 месеци. Критериумите за избор, според …
Continue Reading
Кривична против Турчин: ограбил казино во Охрид и истепал вработена
СВР Охрид кривична пријава против K.C.(45) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 24.11.2025 во казино во Охрид, пријавениот одзел пари од благајната, а при излегување од објектот физички нападнал вработена во казиното, која го забележала.
Continue Reading
Реконструиран кровот на градинката „Пеперутка 1“ во Драчево
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска беше во работна посета на објектот „Пеперутка 1“, во рамки на ЈДГ „8 Март“ во Драчево, заедно со Ѓоко Велковски, заменик-министер во Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Македонија. При посетата беше извршен увид во реализираните градежни зафати, со кои значително се подобрува безбедноста и квалитетот на престојот …
Continue Reading
Пресметка со огнено оружје во Арачиново: оштетено возило кое случајно се затекнало на местото
Вчера во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading