Зеленски: Енергетската состојба во Украина останува критична по руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во многу региони на земјата енергетската состојба и понатаму е тешка, поради руските напади врз критичната инфраструктура. „Енергетските работници и екипите за поправки работат ден и ноќ за да го обноват снабдувањето со електрична енергија, греење и вода за луѓето. И ова е навистина монументален напор, кој има големо значење за нашите граѓани, …

Continue Reading

(Видео) Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите

Нигерија се пласираше во полуфиналето на овогодинешниот Африкански куп на нации со победа од 2:0 против Алжир. Стрелци беа Виктор Осимен во 47-та минута и Акор Адамс во 57-та минута. Во полуфиналето, Нигерија ќе игра против домаќинот на турнирот, Мароко. Четвртфиналниот натпревар помеѓу Нигерија и Алжир, имаше и трето полувреме. Алжирците тешко се справија со елиминацијата. Додека Нигеријците го славеа …

Continue Reading

ДИК: Излезноста до 11 часот во четирите општини е 3,32 отсто

Државната изборна комисија соопшти дека до 11:00 чaсот, од вкупно запишани 128.286 гласачи на 215 избирачки места од општините Врапшиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина, гласале 3.553 гласачи, односно 3.32 %. – Врапшиште, гласале 834 гласачи, односно 3.02 %. – Гостивар, гласале 1937 гласачи, односно 3.14 %. – …

Continue Reading

Шредер суспендиран, сакал физички да се пресмета со Дончиќ

НБА го суспендираше кошаркарот на Сакраменто Кингс, Денис Шредер, на три натпревари, поради обид да го удри Лука Дончиќ по поразот од Лос Анџелес Лејкерс. Настанот се случил на 28 декември минатата гоидна, по натпреварот што Лејкерс го добија како домаќини со 125:101. Дончиќ и Шрудер имале неколку вербални конфликти во текот на натпреварот. За време на еден тајмаут, Дончиќ …

Continue Reading

Уште еден тренер во Премиер лигата ќе остане без работа

Тотенхем целосно ја изгуби довербата во Томас Франк и се очекува наскоро да му врачи отказ. Поразот од Астон Вила и елиминацијата од ФА купот, ја прели чашата на „Вајт Харт Лејн, клупските челници се подготвени да го заменат Томас Франк, кој целосно потфрли откако го замени Ангелос Постекоглу. Под палката на Франк, Тотенхем забележа само 11 победи во 31 …

Continue Reading

(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто

Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%. По општини: – Врапчиште – 1% – Гостивар – 0,93% – Маврово–Ростуше – 2,89% – Центар Жупа – 0,75% Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места …

Continue Reading

Сабаленка го освои Бризбејн

Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн. Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3). Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500. Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 …

Continue Reading

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски …

Continue Reading

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да се ублажат безбедносните стравувања на американскиот претседател Доналд Трамп и да се спротивстават на растечката закана од кинеската и руската војска, пренесуваат странските медиуми повикувајќи се на извор од британската влада. Воените команданти прават планови за можна мисија на НАТО …

Continue Reading