Иран дозволи поминување на бродови со хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран денеска дозволи поминување на бродови кои превезуваат хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец, објави иранската полуслужбена агенција Тасним, повикувајќи се на допис од Канцеларијата за развој на трговијата при Министерството за земјоделство.


Според директивата, која има поддршка од владата и вооружените сили, бродовите што превезуваат основни прехранбени продукти и сточна храна можат да поминуваат низ теснецот, но со одредени протоколи за безбедност.

По одобрувањето, индустриските здруженија ги известија своите членки дека можат да продолжат со испраќање на товарни бродови кон јужните ирански пристаништа, откако претходните ограничувања беа укинати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK