Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти. Русија го засили бомбардирањето на енергетската мрежа на Украина. Претседателот Володимир Зеленски рече дека работата продолжува во погодените области, велејќи дека ситуацијата „останува исклучително тешка“, особено во пограничните региони. Зеленски рече дека 200 екипи за итни случаи се на терен …

Continue Reading

Германскиот министер за надворешни работи: Иранскиот режим ја изгуби легитимноста

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека иранската влада го изгубила легитимитетот поради бруталното задушување на протестите и исклучувањето на интернетот. „Луѓето протестираат против овој режим. Режим кој го исклучува интернетот и го ограничува правото на комуникација во суштина го изгубил својот легитимитет. Тие се плашат од сопствените луѓе“, рече Вадефул во видео објавено на Инстаграм. Тој додаде …

Continue Reading

Шефицата на Европскиот парламент: Храбри девојки на улиците на Иран, ова е ваше време

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите и покрај жестоката репресија од страна на Исламската Република. „До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на Икс. Осврнувајќи се на блокадата на интернет во Иран, таа додаде: „Знајте дека секој режим што ја блокира комуникацијата е …

Continue Reading

Без вода денеска дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

Continue Reading

(Видео) Мектоминеј го запре Интер на „Џузепе Меаца“

Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А. Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без …

Continue Reading

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа. Врапчиште (излезност 32,37%) – Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа – Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа Гостивар (излезност 30,34%) – Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа – Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа Маврово Ростуше (излезност …

Continue Reading

(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија

Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2. Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Овие избори покажаа …

Continue Reading

Крај на сезоната за Конор Бредли

Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија. „Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран …

Continue Reading