Нов систем со вештачка интелигенција од Хонг Конг предвидува бури и обилни дождови четири часа однапред
Тим научници од Хонг Конг разви систем за временска прогноза наречен DDMS кој користи технологија на вештачка интелигенција (ВИ) за да предвиди бури и обилни дождови до четири часа пред да се случат. Системот ќе им помогне на владите и службите за итни случаи поефикасно да реагираат на зголемената фреквенција на екстремни временски настани поврзани со климатските промени, изјави денес …
Continue Reading
Општина Кисела Вода: Проект за мапирање на културното наследство
Денес градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари работна средба со Никола Веселинов, историчар и архивист од Конзерваторскиот центар – Скопје, Радомир Ивановиќ, археолог од Археолошкиот музеј, како и со пратеничката и етномузиколог Велика Стојкова Серафимовска. Целта на средбата беше истражување на потенцијалот на културното наследство на Кисела Вода, како најстара скопска општина, со посебен акцент на историските, …
Continue Reading
Саудијците по секоја цена го сакаат Усман Дембеле
Ѕвездата на Пари Сен Жермен и освојувач на Златната топка, Усман Дембеле, стана цел на клубовите од Саудиска Арабија пред летниот преоден рок. Потенцијалниот трансфер веќе се најавува како „најголемиот договор во саудиската лига од доаѓањето на Кристијано Роналдо“. Договорот на Дембеле со ПСЖ важи до 2028 година, но високи функционери во саудиската професионална лига наводно веќе подготвуваат исклучително профитабилна …
Continue Reading
Демант од Братислава: Фицо ја негира приказната за „опасниот“ Трамп
Словачкиот премиер Роберт Фицо решително ги негираше наводите на пробриселскиот весник „Политико“ дека наводно изразил загриженост за менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат медиумите во регионот. Фицо реагираше на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека тврдењата на овој медиум се неточни и злонамерни. „Морам решително да ги отфрлам лагите на „Политико“ за тоа како ја оценив мојата средба со …
Continue Reading
Објавена книгата „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект од Ацо Ѓоргиев
„Македоника литера“ неодамна објави драмски текст од струмичкиот автор Ацо Ѓоргиев со наслов „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект. Дејството во овој драмски текст е сместено во осумдесеттите години на минатиот век во Струмица. Ѓоргиев на сатиричен, хумористичен, ироничен, провокативен, а во исто време и со груба подбивност, презрив и дрзок однос кон моралните и општествените состојби, отсликува една социјална, …
Continue Reading
Мигранти од Грузија пронајдени кај Струга
Двајца мигранти од Грузија се пронајдени кај Струга. Според информациите на МВР, ноќеска во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се Ј.К.(42) и П.Т.(41), двајцата од Република Грузија. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што се задржани во полициска станица за натамошна постапка.
Continue Reading
Сали-Ортиз: разговарано за европската политика, економијата, образованието и културата
Првиот заменик-председател и министер за европски прашања на Северна Македонија, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз. За време на средбата се дискутираа блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шпанија, како и можностите за проширување на соработката во различни области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата. Посебен фокус беше ставен на …
Continue Reading
По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид
Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе хотели и куќи без дозволи, дека општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, а утврди и неправилности и во финансиското работење на општината. „Државниот завод за ревизија на 19.12.2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до …
Continue Reading
Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“. Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа …
Continue Reading