Нови санкции ја разгоруваат тензијата: Кина ги обвинува САД за еднострани и незаконски мерки

Кина остро реагираше на новите американски санкции против кинески компании, нарекувајќи ги „незаконски и еднострани“. Санкциите беа воведени од американскиот Стејт департмент против десет поединци и фирми од Кина и Хонг Конг, под обвинение дека помагаат на иранската војска. Пекинг порача дека ќе ги брани своите компании и нивните легитимни интереси, обвинувајќи ги САД дека користат меѓународни конфликти за политички …

Continue Reading

Финскиот претседател: САД нема да ја напуштат Европа, базите им се стратешки важни

Претседателот на Финска, Александар Стуб, процени дека Соединетите Американски Држави нема целосно да ги повлечат своите војници од Европа, бидејќи им се потребни бази на европскиот континент за да дејствуваат на пошироко глобално ниво. Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Стуб изјави дека не е особено загрижен за евентуалното повлекување на дел од американскиот контингент од Германија, нагласувајќи …

Continue Reading

„Светот ме натера да почекам“: Сандра Булок зборува за мајчинството и посвојувањето

Актерката, Сандра Булок, го одбележа Мајчиниот ден со ретка објава на Инстаграм, споделувајќи семејни фотографии со своите посвоени деца, синот Луис (16) и ќерката Лајла (11), кои ги посвоила во своите 40-ти години. Во објавата, 61-годишната актерка им упати порака на сите мајки, без разлика на начинот на кој станале мајки, истакнувајќи дека мајчинството е „животна чест“. Таа сподели и …

Continue Reading

Општина Сапарева Бања во посета на Општина Гевгелија во рамки на Проектот „Regreen“

Претставници од проектниот тим на Општина Сапарева Бања од Република Бугарија ја посетија Општина Гевгелија во рамки на Проектот „Реставрација на зелена инфраструктура. Преиспитување на зелената идеја“ (Regreen), кој се реализира преку Interreg VI-A ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021–2027. Во рамки на посетата се одржа работна средба во Општина Гевгелија, на која присуствуваа градоначалникот на …

Continue Reading

ЛДП: Итно формирање на комисија за штети за замрзнатите овошки во Преспанскиот регион

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот регион. По нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката, посочуваат од оваа партија. „Како регион чија …

Continue Reading

Корисници откриваат необични казни во Германија: „Од 25 евра за паркинг, сумата стана 40“

Луѓе на социјалните мрежи откриле необични казни што ги добиле во Германија, меѓу кои и зголемување на казна за паркирање. Во објава на Фејсбук страницата „Балканци во Германија“, било поставено прашањето: „Која е најглупавата казна што сте ја добиле во Германија или за што не сте ни знаеле дека може да се добие казна?“. Коментаторите споделиле различни искуства, некои и …

Continue Reading

(Видео) Павловска: Општина Аеродром се менува, СДС останува заглавен во празни обвинувања и политичка хистерија

Со жалење констатираме дека СДС продолжува со истата стара практика – пласирање празни, неосновани и политички мотивирани обвинувања, без суштина и без каква било реална допирна точка со потребите на граѓаните на Општина Аеродром, истакна на прес-конференција Сузана Павловска, претседател на совет на Општина Аеродром. „Со последното соопштение за реконструкцијата на плочниците, СДС уште еднаш покажа дека нема ниту идеи, …

Continue Reading

Промени во Хрватска: нови правила за издавање сместувања

Германските медиуми пишуваат за нови правила што се воведуваат за приватно туристичко сместување од 2027 година, а кои би можеле значително да го променат начинот на издавање апартмани и куќи за одмор. Според нацрт-законот, сите приватни издавачи ќе мора да имаат официјален регистрациски број, без кој повеќе нема да можат да ги огласуваат своите објекти на платформи како Booking.com и …

Continue Reading

Божиновска: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на „Belgrade Energy Forum 2026“, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот, инфомрираат од ресорното министерство. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, министерката порача …

Continue Reading