Хаџи официјално е селектор на Романија

Фудбалскиот сојуз на Романија, попладнево објави дека го назначил Ѓеорѓи Хаџи за нов селектор на сениорската репрезентација. Според извештаите, Извршниот комитет на Романската фудбалска федерација го потврдил предлогот на Техничката комисија, а Хаџи се враќа откако ја водеше репрезентацијата во четири натпревари во 2001 година. Хаџи (61) потпиша договор за следните две квалификациски рунди, а на романската клупа ќе го …

Continue Reading

Реал се предомисли за Ридигер

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер (33) е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид. Според весникот „АС“, Реал е исклучително задоволен од игрите на искусниот стопер и неговата физичка состојба, па затоа верува дека продолжувањето на договорот за една година би било најлогично решение во овој момент. Тековниот договор на Ридигер истекува на крајот од оваа сезона. Реал со …

Continue Reading

Срушен рекорд на најпознатиот и најстариот маратон на планетата

Кениецот Џон Корир во машката трка и неговата сонародничка Шерон Локеди, втора година по ред, се победници на Бостонскиот маратон, најстарата и најпозната маратонска трка во светот. Корир стигна до целта за 2:01,52 часа и го постави најдобриот резултат во 130-годишната историја. Претходниот рекорд го држеше Џефри Мутаџи со 2:03;02. Ова достигнување го надмина големиот Корир за една минута и …

Continue Reading

Барселона со „земи или остави“ понуда за Левендовски

Роберт Левандовски влезе во последните три месеци од договорот со Барселона и се повеќе се зборува за неговото заминување од „Ноу Камп“. Полјакот има 37 години, но сè уште е интересен за голем број врвни клубови. Од Каталонија доаѓаат информации дека Барса му понудила нов договор по принципот „земи или остави“. Во превод, условите се тие понатамошни преговори нема да …

Continue Reading

Маѓар: Унгарија ќе ги спроведува налозите од Меѓународниот кривичен суд, и против Нетанјаху

Петер Маѓар изјави дека Унгарија повторно ќе се приклучи на Меѓународен кривичен суд (МКС) и ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за апсење, вклучително и оној што се однесува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од МКС, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Оваа иницијатива има поширока општествена цел од образовната: да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации

Во дворот на претседателскиот Кабинет денеска се одржа спортски настан, во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а со поддршка на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Настанот е дел од поширока и далекусежна иницијатива чија цел е да се развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичката активност, здравите навики и менталното здравје кај децата од 6 …

Continue Reading

Мисајловски и Лафчиски на средба со американскиот амбасадор во НАТО, Витакер: Ја развиваме македонската Армија и ја зацврстуваме колективната одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денес, 20 април, во касарната „Илинден“ во Скопје, се сретнаа со амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер со кого разговараа за инвестициите во Армијата, исполнувањето на НАТО-целите на способности и зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата. На средбата, Мисајловски истакна дека македонскиот одбранбен буџет …

Continue Reading

ЕУ ја условува Србија: Пари само по исполнување на реформите

Европска комисија нема да одобри исплата на средства за Србија додека не се утврди дали ги исполнува условите, особено во однос на препораките од Венецијанска комисија за измените во правосудните закони. Еврокомесарката Марта Кос изјави дека ЕУ е сè позагрижена поради состојбите во Србија – вклучувајќи закони што ја загрозуваат независноста на судството, притисоци врз медиумите и односот кон протестите. …

Continue Reading

Пакистан најавува позитивен развој околу Иран

Пакистан очекува „наскоро позитивен развој на настаните“ поврзани со Ормускиот теснец и Иран, по телефонски разговор меѓу началникот на армијата Асим Мунир и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат владини извори. Интензивните дипломатски напори на Пакистан го отвораат патот за втор круг американско-ирански преговори, кои наскоро би можеле да се одржат во главниот град Исламабад. „Очекуваме наскоро позитивен развој на настаните“, …

Continue Reading