ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина се наоѓало веднаш зад она на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По апсењето на дело на помошник-директорот на Царинската управа, под сомнение дека примил 17.500 евра поткуп, во јавноста се појави нова информација која бара итен одговор од полицијата. Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути?, прашува Демократската Унија за Интеграција (ДУИ).


„Доколку е така, бараме МВР јавно да појасни:

Кој се наоѓал во тоа возило?
Зошто возилото на заменик-директорот на Царинската управа се наоѓало на местото и во моментот на апсењето?
Дали Мустафа Даути или лицата кои се наоѓале во неговото возило биле испрашувани?
Дали се истражува дали случајот со 17.500 евра е поврзан и со други лица во хиерархијата на Царинската управа?

Кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него.

МВР и Обвинителството имаат обврска да ѝ дадат на јавноста јасни и целосни одговори“, се вели во партиското соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK