Рјабков: На обид за закана ќе одговориме со нуклеарно оружје

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека Русија, како одговор на заканите за нејзиниот територијален интегритет, може да одговори на агресорот со употреба на нуклеарно оружје во најлош случај. Рјабков, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), рече дека ова би било најлошото можно сценарио за обид за закана на руска територија, пренесува ТАСС. „Што се …

Continue Reading

Силно невреме го погоди Рим: ветерот корнеше дрвја и урна тезги на пазарот

Италијанската престолнина денес беше погодена од бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим. Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, јавува „АНСА“. Многу други делови …

Continue Reading

Делегација на Министерството за јавна администрација ја претстави македонската реформска агенда на “ReSPA Open Days” во Молдавија

Во рамки на конференцијата „ReSPA Open Days“, која се одржа во Кишинев, Република Молдавија, делегација од Министерството за јавна администрација зема активно учество на панел дискусиите посветени на улогата на ReSPA во поддршката на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан, при што ги претставија и клучните приоритети и достигнувања на македонската реформска агенда. Во своите излагања, претставниците …

Continue Reading

Во сабота ќе се одржи првиот детски фестивал на Кисела Вода „Киселко“

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес присуствуваше на генералната проба на децата од општина Кисела Вода кои ќе бидат дел од „Киселко“, првиот детски фестивал во организација на општината. Настанот ќе се одржи на 6 јуни со почеток во 13 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде што премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички. Со овој настан, Општина Кисела …

Continue Reading

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

Од денеска родителите и децата од Кавадарци и Вардарскиот регион ќе може да се обратат за бесплатна поддршка и советување во канцеларијата на СОС Детско село во Кавадарци. Свеченото отворање на просториите е дел од проектот „Право на семејство II -Подобрување на пристапноста, достапноста и квалитетот на згрижувањето и услугите во заедницата во Албанија, Ерменија, Белорусија, Северна Македонија и Украина“, …

Continue Reading

ФФМ ја исфрли Шкендија од Купот за следната сезона и парично го казни клубот

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), изрече драконска казна за Фудбалскиот клуб Шкендија, поради случувањата во финалето на Купот, кое тимот од Тетово го загуби од Силекс со 0:1. ФФМ парично ја казни Шкендија со 105.000 евра и ја исфрли од натпреварите во купот за следната сезона. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се …

Continue Reading

52-годишен пациент доби ново срце, 23-годишно момче бубрег и шанса за поквалитетен живот

На две лица им се пресадени органи од донор, соопшти Министерството за здравство. „Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот. Донирани …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјава и како што кажа ништо повеќе. Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, се друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт …

Continue Reading

Влаховиќ дефинитивно заминува од Јувентус

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус кога ќе му истече договорот на последниот ден од јуни. Како што објави Џанлука Ди Марцио, ова е епилогот од денешниот состанок меѓу Душан Влаховиќ и неговиот татко Милош од една страна и раководството на Јувентус од друга страна. На состанокот одржан во спортскиот центар Ковинас, двете страни не постигнале никаков договор. Нов состанок …

Continue Reading