Жесус ја презеде Португалија: Роналдо никогаш не бил проблем

Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација, Жорж Жезус, изјави дека репрезентацијата се соочува со голем предизвик, но дека верува дека Португалија може да победи благодарение на квалитетот на играчите што ги има. Жезус (71) беше претставен како нов селектор на Португалија, а тој ќе ја води репрезентацијата до 2030 година. Функцијата ја наследи од Роберто Мартинез. „Денес започнуваме нова ера …

Continue Reading

Синер и Зверев ќе се борат за титулата во Вимблдон

Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур Фери, односно Новак Ѓоковиќ. Најдобриот на светот, Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот. Овој натпревар беше многу сличен на оној од претходната година, во истата …

Continue Reading

Израелски медиуми: Врската на Трамп и Нетанјаху сè повеќе наликува на сапуница

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се во врска што во последните месеци сè повеќе наликува на политичка сапуница, пишува израелскиот „Хаарец“ во анализа на продлабочувањето на кризата во израелско-американските односи. Трамп му рече на израелскиот новинар Барак Равид минатата сабота навечер дека Нетанјаху побарал лична средба, која можеби требало да се одржи оваа недела. Сепак, до …

Continue Reading

(Видео) Украина нападна руски рафинерии, терминали и бродови

Украинските сили извршија серија напади во текот на ноќта врз голема руска рафинерија за нафта, нафтени терминали и други воени цели, потврди Генералштабот на украинските вооружени сили. Нападите се дел од поширока кампања насочена кон руската енергетска инфраструктура што ги поддржува воените напори на Кремљ, пишува The Kiev Independent. Според соопштението на Генералштабот, целите на нападот биле рафинеријата за нафта …

Continue Reading

Поранешна британска министерка пронајдена мртва

Британската полиција соопшти дека ја истражува смртта на поранешната конзервативна министерка Ан Видекомб како убиство. Видекомб (78), поранешна членка на Европскиот парламент и една од најистакнатите активистки за Брегзит, која стекна популарност преку појавувања во забавни телевизиски емисии, беше пронајдена мртва вчера во својот дом во Девон. Полицијата соопшти дека пронашла знаци на „сериозни повреди“ на телото. Главната инспекторка Илона …

Continue Reading

Трамп: Иран побара преговорите да продолжат, но примирјето е завршено

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран, но во исто време повтори дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Техеран дека прекинот на огнот повеќе не е на сила. „Исламската Република Иран побара продолжување на преговорите. Ние се согласивме со тоа“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. „Но, Соединетите …

Continue Reading

Приведени уште двајца доктори, се проширува истрагата за ботоксите

Во рамките на истражната постапка што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При …

Continue Reading

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Србија по 15 години

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот, Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, Осман Кадриу, Ана Павловска-Данева и самостојниот советник и шеф на протоколот Симона Герасимова-Јовановска, на 9 и 10 јули престојува во билатерална посета во Уставниот суд на Република Србија. Во рамки на посетата, претседателите Костадиновски и Петров потпишаа Меморандум за разбирање и билатерална соработка меѓу …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 37 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе …

Continue Reading