Жесус ја презеде Португалија: Роналдо никогаш не бил проблем


depositphotos_166468112_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација, Жорж Жезус, изјави дека репрезентацијата се соочува со голем предизвик, но дека верува дека Португалија може да победи благодарение на квалитетот на играчите што ги има.


Жезус (71) беше претставен како нов селектор на Португалија, а тој ќе ја води репрезентацијата до 2030 година. Функцијата ја наследи од Роберто Мартинез.

„Денес започнуваме нова ера во ФПФ. Избравме нов тренер чиј профил совршено го одразува она што го сакаме за оваа нова фаза: лидерство, амбиција и резултати. Жезус денес ја презема задачата да ја подготви репрезентацијата, која ќе може да се натпреварува во претстојната Лига на нации, Европското првенство во 2028 година и Светското првенство во 2030 година“, изјави претседателот на Португалската фудбалска федерација (ФПФ) Педро Проенца, објавена на официјалната веб-страница на Федерацијата.

Жезус се заблагодари за довербата и можноста да ја предводи репрезентацијата на Португалија.

„Длабоко сум приврзан кон мојот португалски идентитет и сум неизмерно горд што сум Португалец. Сега сум тренер на 11 милиони луѓе. Јас и мојот тренерски персонал дојдовме тука за да победуваме. Јас сум тренер чија улога оди подалеку од работата на теренот за време на тренинг. Се подготвив за ова, така што работата нема да биде многу различна од работата во клубот“, рече Жесус на прес-конференцијата.

Тој оцени дека Португалија има квалитетен тим и дека нема потреба од реконструкција на националниот тим.

„Имам 71 година, но се чувствувам како да имам 50, можам да тренирам два часа без да запрам. Предизвикот е голем, но уверен сум дека ќе победиме. Сите играчи во националниот тим имаат одличен квалитет. Играчите кои беа на Светското првенство имаат квалитет. Португалија има и квалитетни млади селекции, но сегашноста е најважна. Дали тимот треба да се реконструира? Не. Само шест играчи се над 30 години, просекот на играчите е 28 години“, изјави тој.

Новиот селектор на Португалија, исто така, рече дека сè уште не разговарал со Кристијано Роналдо.

„Тој никогаш нема да биде проблем ниту за репрезентацијата, ниту за мене. Што се однесува до контроверзиите, секој има право на свое мислење. Кога ќе дојде време за одлука, ќе разговарам со Роналдо, како и со сите други играчи. Кристијано е симбол на Португалија. Беше задоволство да соработувам со него во клубот. Морам да разговарам со него за да ги дознаам неговите желби. Претходно ми кажа дека сака да ја заврши кариера во Ал Наср, но сега вели дека ќе види што е најдобро за него“, додаде Жесус.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK