Антонели победи во Спа Франкошамп

Андреа Кими Антонели, шестата победа во сезоната ја забележа на легендарната патека Спа Франкошамп. 19-годишниот Италијанец ја освои Големата награда на Белгија пред Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Антонели уште еднаш имаше брилијантно издание, не потклекна ниту кога Леклер се стекна со предност, кога го искористи виртуелното возило за безбедност за да стави нови гуми …

Continue Reading

Отстранет билбордoт „Добредојдовте во Скопје“ по реакциите во јавноста

По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот со натпис „Добредојдовте во Скопје“, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на …

Continue Reading

Мотоцикл удри во седумгодишно дете во Куманово

Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово. Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето. Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на …

Continue Reading

Разиграна и распеана Битолска чаршија со „Кафе Де Анатолија“ и „Диванхана“ на Локум фест Битола

Со претставувањето на етно проектот „Кафе Де Анатолија“, Били Естебан и Александар Јовевски, севдах бендот ,,Диванхана” од Сараево и дј сетот на Били Естебан, Локум фест и се оддолжи на битолската чаршија за сета радост и дух кој и го даде на овој фестивал кој точно пред 20 години започна токму тука. „Кога гледате радосни лица кои играат и се …

Continue Reading

Тринаесетгодишно девојче ја нападнало својата 72-годишна баба во Куманово

Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 18 јули во 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом. Исто така, според пријавеното, малолетничката со остар предмет ѝ упатувала закани на пријавителката, како и на други членови на …

Continue Reading

Сите рекорди на Меси на светските првенства

Лионел Меси не се запиша меѓу стрелците во полуфиналната победа на Аргентина над Англија, но уште еднаш испиша историја на Светските првенства. Капитенот на Аргентина забележа две асистенции во големиот пресврт на својата репрезентација, со што вкупниот број негови асистенции на Мундијалите се искачи на 12. Дури 10 од тие 12 асистенции ги остварил во нокаут-фазата, а ниту еден друг …

Continue Reading

Русија тврди дека зазела уште едно село во Украина

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Вилне во украинската Дњепропетровска област. Според соопштението, селото преминало под контрола на Москва. Пред почетокот на војната, Вилне имало околу 40 жители. Украинските власти засега не ја коментирале оваа информација.

Continue Reading

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата …

Continue Reading

(Видео) „Лефти и Рајти“ – како течеше снимањето на гласовите за анимираниот филм

Објавен е видеоматеријал „зад сцената“ од снимањето на гласовите за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти“, кој открива дел од процесот на синхронизација на ликовите. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Јелена Јованова (Лефти), Гораст Цветковски (Рајти), Изабела Јакимова (Јакната Јасна), Ева Скендеровска (Дреска) и Тања Кочовска како наратор. Во видеото учествуваат и статистите Јана и Миа Велеви, како и …

Continue Reading