Патник нападнал возач на автобус на ЈСП

Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП. Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, М.С.(59) од село Бардовци, скопско, пријавил дека на 29.07.2026 околу 22:00 часот, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, сопственост на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое се превезувало во автобусот. …

Continue Reading

Двајца полицајци суспендирани од работа, тепале притворено лице во Струга

Двајца полицајци се суспендирани од работа поради употреба на прекумерна физичка сила врз притворено лице во полициската станица во Струга. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга …

Continue Reading

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број …

Continue Reading

Швајцарски историчар: Вучиќ е единствениот лидер во поновата историја кој може да се справи со големите сили

Во интервју за „Ноје Цирхер Цајтунг“, швајцарскиот историчар Оливер Јенс Шмит нагласи дека српскиот претседател Александар Вучиќ е единствениот лидер во поновата историја кој вешто успева да балансира меѓу големите сили и да води суверена политика, како и дека времето кога ЕУ беше единствениот хегемон е поминато. Во врска со изјавата на швајцарскиот весник дека Балканот речиси секогаш се става …

Continue Reading

Шасивари-Палминтери: Италија е наш силен поддржувач на патот кон ЕУ

На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји. Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и …

Continue Reading

Стојаноски: Повеќе средства за образованието, здравството и социјалната заштит, граѓаните во фокусот со новиот ребаланс на буџетот

Третата суштинска порака на rебалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика. Функцијата социјална заштита расте за …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале …

Continue Reading

Управниот одбор на ПИОМ го усвои полугодишниот извештај за работата на Фондот

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот Никола Мемов ги извести членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информира дека во пензионерскиот дом Аеродром е оштетен кровот од невремето што …

Continue Reading

Доволна е искра за трагедија, апел до граѓаните да не фрлаат отпушоци и да не палат скари во места со сува вегетација

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле …

Continue Reading