Градот да обезбеди итна финансиска поддршка за граѓаните кои претрпеа штети од невремето, бара Левица

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, соопштија од партијата. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, …

Continue Reading

10 повредени лица, 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви; И припадниците на АРМ вклучени во расчистување на последиците од невремето

Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, соопшти МВР. Дополнително, биле оштетени повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, …

Continue Reading

Денес без вода дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар

Денес од десет часот ќе биде сопрена водата кај дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извести дека ќе изведува водоводен приклучок на Златко Шнајдер број 9 поради што прекин ќе имаат корисниците кои се на истата улица.

Continue Reading

(Видео) Градот кршеше шофершајбни, ветерот рушеше делови од фасади: силна бура беснееше низ северниот дел на Црна Гора

Градот кршеше шофершајбни на автомобили, силниот ветер корнеше дрвја и однесе делови од фасади, додека поројните води затрупаа некои градски улици со камења, земја и урнатини, во делови од Црна Гора. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Pvportal (@pvportal.me) Според досегашните информации, нема повредени, објави локалниот „PV портал“. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an …

Continue Reading

Родители го оставиле бебето да умре од глад, осудени се на доживотен затвор во Германија

Германија беше потресена од случајот, кој судијата го опиша со зборовите: „Ова го остава човекот без зборови“. Покраинскиот суд во градот Ицех ги осуди мајката и таткото кои ја оставија својата четиримесечна ќерка да умре од глад на доживотен затвор. Судот утврди дека станува збор за убиство со тешка злоупотреба на дете кое било под нивна непосредна заштита. Претседавачкиот судија …

Continue Reading

Да не избрзуваме со обвинувања или етикетирања: за Алијансата за Албанците ситуацијата во Гостивар се стабилизира, порачуваат да се зачува смиреноста

Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација. Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори. „Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој …

Continue Reading

Пообилни врнежи: ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија. Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град.

Continue Reading

Вкупно 14 пожари на отворен простор до 18 часот: активни се четири

Денеска до 18:00 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив активни се 4 пожари, 2 пожари се под контрола, а 8 пожари се изгаснати . Активни пожари според ЦУК има во Општина Штип – с. Пенуш (депонија); Општина Прилеп – с. Локвени (ниска вегетација и шума); Општина Крушево – с. …

Continue Reading

Време е економските односи со Индија да добијат нова динамика, порача Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на македонската „Национална развојна стратегија 2024-2044“, како цврста …

Continue Reading