Од јуни Прилеп и Битола ќе бидат поврзани со воз, 150 денари ќе чини повратен билет
Меѓуградски воз Прилеп-Битола ќе почне да функционира од јуни, а повратен билет ќе чини 150 денари. Новата врска меѓу овие два соседни града ја најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денес добил ветување од градежниците дека првите километри од автопатот меѓу Прилеп и Битола ќе се возат веќе следната пролет, а делницата ќе биде целосно завршена до …
Continue Reading
(Видео) СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија
СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија, информира генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ. „СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради постоење на сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. Пријавата е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик на Алфа ТВ, …
Continue Reading
Утре и задутре симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 17 април, со почеток од 15.00 часот и задутре, 18 април, со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Во рамките на вежбата …
Continue Reading
Иран објави видео со вештачка интелигенција на кое Исус го удира Трамп
Амбасадата на Иран во Таџикистан објави видео направено со вештачка интелигенција на кое Исус го удира американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е реакција на фотографијата што Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth пред неколку дена. На сликата, Трамп во улога на Исус лекува човек на болен кревет. По жестоките критики, Трамп на крајот ја избриша сликата, а пред …
Continue Reading
Британскиот совет ќе стане Национална агенција за Еразмус+
Mинистерството за образование на Обединетото Кралство објави дека Британскиот совет ќе ја преземе улогата на Национална агенција за Еразмус+. На 17 декември 2025 година, Обединетото Кралство и ЕУ постигнаа политички договор според кој Обединетото Кралство ќе се приклучи на програмата Еразмус+ во 2027 година. Тој договор сега е правно формализиран во рамките на Договорот за трговија и соработка меѓу ЕУ …
Continue Reading
Јаневска: Новиот закон нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите
Високото образование и науката ќе добијат нова законска рамка која нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите за личен развој и за придонес кон градењето на општество базирано на знаења, вештини, научни достигнувања и иновации. Година и половина водиме целосно транспарентен процес и изразувам благодарност до академската заедница и научната фела, до сите политички и општествени чинители …
Continue Reading
Стаменкоска – Трајкоска: Расадник добива модерна и современо опремена градинка
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две …
Continue Reading
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе …
Continue Reading
(Фото) Холандија донира специјализирани возила за МВР за превоз на мигранти и затвореници
Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик Де Брост. Донацијата се состои од две …
Continue Reading