Левица и СДСМ со критики за „Скопје 2028“: Спорни именувањето на директор и набавките надвор од системскиот закон

Опозициските партии Левица и СДСМ излегоа со одделни реакции против Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој влезе во собраниска постапка. Двете партии го оспоруваат предвидениот начин на трошење на јавните средства, додека Левица отвора и прашања за назначувањето на Марјан Цветковски за директор на фондацијата што треба да го спроведува проектот. Од Левица …

Continue Reading

(Видео) Преседан во Бразил: Му ја скрши нога на противникот, доби невообичаена казна

Бразилскиот фудбал доби една од најнеобичните дисциплински одлуки во последните години. Дефанзивецот на Интернационал, Виктор Габриел, нема да може да игра сè додека напаѓачот на Крузеиро, Габриел Пек, не се опорави од скршената нога и не добие дозвола да се врати на тренинзите. Одлуката ја донесе Врховниот спортски суд на Бразил, највисокото независно тело задолжено за дисциплински постапки во фудбалот. …

Continue Reading

Антикорупциската комисија: Закони донесени по скратена постапка што ги заобиколуваат системските закони се ризик од корупција

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека секое законско решение со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на системските закони, особено на Законот за јавните набавки, мора да биде јасно и детално образложено и да содржи ефикасни механизми за спречување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства. Реакцијата на ДКСК доаѓа по информациите и јавните реакции …

Continue Reading

(Видео) „Мислев дека ќе умрам“: Преживеаните сведочат за разорниот земјотрес во Јапонија

Работниот ден во ресторанот „Сендан Шокудо“ во јапонскиот град Јацуширо се приближувал кон крајот кога силен земјотрес ја затресол целата зграда. Предмети паѓале од полиците, а садовите се распрснале на парчиња. Тоа бил вовед во катастрофата што во вторникот вечерта ја погоди префектурата Кумамото, каде што во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер загинаа најмалку 13 лица, објавува …

Continue Reading

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Центар добива нова фасада

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна …

Continue Reading

Саудиска Арабија никогаш не му била опција – Меси одбил неверојатни 1,5 милијарди евра

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси уште еднаш покажа дека неговото семејство е негов врвен приоритет, дури и кога станува збор за незамисливи финансиски понуди. Претседателот на саудискиот фудбалски клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, откри дека неговиот клуб се обидел да го доведе Меси откако тој го напушти ПСЖ, нудејќи му договор каков што спортскиот свет никогаш порано не видел. Според …

Continue Reading

30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, …

Continue Reading

Савињо сака да си замине од „Етихад“

Сè уште младиот бразилски ас, 22-годишниот Савињо, според последните информации од Англија, донел конечна одлука тоа каде сака да игра во новата сезона. Тој не беше редовен стартер во тимот на Манчестер Сити минатата сезона, забележа 36 настапи во сите натпреварувања. Во овие натпревари, крилниот напаѓач помина вкупно 1502 минути, постигна четири гола и имаше две асистенции. Сега бара нов …

Continue Reading

Платформата против корупција: Да се повлече предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на …

Continue Reading