ЕУ воведува строги правила во угостителството: од август се забранува еднократната пластична амбалажа
Од август годинава, гостите во рестораните, кафулињата и хотелите широм Европската Унија ги очекува голема промена. Со новата Уредба за амбалажа и амбалажен отпад се воведува строга забрана за користење на пластична амбалажа за еднократна употреба, јавува хрватскиот јавен сервис ХРТ. До донесувањето на оваа уредба, на земјите-членки на ЕУ им беше препуштено самите, на свој начин и во рамките …
Continue Reading
Албанското обвинителство бара апсење на 20 лица и заплена на 128 милиони евра наводно поврзани со проектот на зетот на Трамп
Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал во Албанија (СПАК) издаде налози за апсење на 20 лица и нареди превентивна заплена на имот во вредност од над 128,4 милиони евра. Истрагата е насочена кон меѓународна трговија со кокаин, а медиумите јавуваат дека дел од замрзнатите средства и недвижности се директно поврзани со земјиштето каде што се планира изградба …
Continue Reading
(Видео) Руски дрон соборен над свадбена фотосесија во Запорожје
Момент на свадбена радост во украинскиот град Запорожје се претвори во сцена на шок и страв, откако над местото на фотографирање беше соборен руски камиказа-дрон, кој експлодираше во воздух и се распадна во огнена топка. Инцидентот се случил на 7 јуни, додека младенците позирале за свадбени фотографии на отворено. На видео-снимката се гледа како дронот е пресретнат во воздух над …
Continue Reading
Катарските преговарачи се упатуваат кон Иран за да го финализираат договорот за завршување на војната
Преговарачки тим од Катар утрово отпатува за Техеран со цел да помогне во финализирањето на договорот за ставање крај на воениот конфликт меѓу САД и Иран, потврдија извори запознаени со ситуацијата за агенцијата Ројтерс. Катар, заедно со Пакистан, со месеци наназад посредува меѓу Вашингтон и Техеран во обид да се најде заеднички јазик. Дипломатските напори кулминираа викендов со интензивни разговори, …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија
Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските. Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на …
Continue Reading
Британските вооружени сили првпат пресретнаа руски танкер од „флотата во сенка“ во Ла Манш
Британските вооружени сили во раните утрински часови во неделата пресретнаа руски нафтен танкер од таканаречената „флота во сенка“ во Ла Манш, соопшти британскиот премиер Кир Стармер. Во шестчасовна операција, припадници на Кралските маринци и специјално обучени службеници од Националната агенција за борба против криминалот се качиле на танкерот „Смиртос“, со поддршка од британските воздухопловни сили. Според британското Министерство за одбрана, …
Continue Reading
Шведска пресретна руски воени авиони над Балтичкото Море
Шведските воздухопловни сили во петокот пресретнале руски воени авиони кои летале во близина на шведскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопштија шведските вооружени сили. Според војската, борбените авиони „Грипен“ биле подигнати во воздух во два одделни наврати поради присуството на руски авиони од типовите Су-24 и Су-34. Притоа не било регистрирано нарушување на шведскиот воздушен простор. Шведскиот премиер Улф Кристерсон …
Continue Reading
Канада и Ирска: Мировниот договор со Иран мора да вклучи и прекин на огнот во Либан
Претстојниот самит на Г7 би можел да биде клучна можност за зацврстување на мировниот договор меѓу САД и Иран, но само доколку во процесот биде вклучен и Либан, порачаа канадскиот и ирскиот премиер во пресрет на средбата на лидерите на најразвиените светски економии. Канадскиот премиер Марк Карни, кој престојуваше во дводневна посета на Даблин, и неговиот ирски колега Михал Мартин …
Continue Reading
Трамп за денеска најави потпишување договор со Иран, Техеран тврди дека сè уште нема конечен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кој треба да доведе до повторно отворање на Ормутскиот Теснец, ќе биде потпишан денеска. Сепак, иранските власти го оспорија тој временски рок, наведувајќи дека меморандумот за разбирање сè уште не е финализиран и дека потпишување денеска нема да има. Трамп: Ова е договор без нуклеарно оружје Во …
Continue Reading