Загина 32-годишен возач во тешка сообраќајка на патот Прилеп–Крушево

Триесет и двегодишен маж од Крушево почина по тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „ленд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 28-годишен прилепчанец, и „опел вектра“ со крушевски таблички, управувано од 32-годишниот Н.З. од Крушево. Возачот на „опелот“ се здобил со тешки …

Continue Reading

Група малолетници нападнале 13-годишно момче во Аеродром, снимале со телефон

Тринаесетгодишно момче било физички нападнато од поголема група малолетници во скопски Аеродром, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите го снимал нападот со мобилен телефон, соопшти полицијата. Случајот во СВР Скопје го пријавил неговиот татко, 54-годишен скопјанец, кој навел дека нападот се случил на 25 април околу 21 часот, додека неговиот син бил со петмина свои …

Continue Reading

ВЛЕН: Иницијативата на ДУИ за уставни измени е пародија, не сериозна политика

ВЛЕН ја отфрли денешната иницијатива на ДУИ за собирање потписи за уставни измени, оценувајќи дека станува збор за „несериозна и самосаботирачка“ постапка која, според коалицијата, повеќе наликува на пародија отколку на сериозна политичка иницијатива. Во реакцијата, ВЛЕН наведе дека ДУИ „ја навредува ЕУ и Албанците“ кога Блерим Беџети зборува за европски вредности, обвинувајќи го за политики спротивни на европските принципи …

Continue Reading

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

Пратениците од Европскиот фронт денеска во Собранието најавија иницијатива за собирање пратенички потписи за отворање постапка за уставни измени. Како што изјави Блерим Беџети од ДУИ, иницијативата се темели на уставната можност предлог за измена на Уставот да поднесат најмалку 30 пратеници. Тој упати повик до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат иницијативата, оценувајќи дека …

Continue Reading

Утре без вода делови од Карпош поради реконструкција на водоводната мрежа

Дел од жителите на општина Карпош утре (28 април) ќе останат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците Париска и Хелсинки, соопшти РЦУК – Скопје. Според информацијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улиците Париска, Варшавска и Хелсинки, како и гимназијата Георги Димитров. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае …

Continue Reading

Мерц: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за патот кон ЕУ

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека Украина во евентуален иден мировен договор со Русија би можела да биде принудена да прифати губење на контрола врз дел од својата територија, директно поврзувајќи ги таквите отстапки со нејзините изгледи за членство во Европската унија. „Во еден момент Украина ќе потпише договор за прекин на огнот, а се надеваме и мировен договор …

Continue Reading

Во МНТ започнаа пробите за новата претстава „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ

Во Македонски народен театар денеска започнаа пробите за новата претстава „Три сестри“, инспирирана од истоимената драма на Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ. Станува збор за нова постановка која, според најавата на театарот, преку современ пристап ја преиспитува денешната стварност низ приказна за ликови заробени меѓу спомени, изгубени идеали и копнеж по поинаков живот. Во претставата играат Дарја …

Continue Reading

Реал започна преговори со селекторот на Аргентина

Алваро Арбелоа (43) нема да биде тренер на на првиот тим на Реал на крајот од сезоната. Управата сака ново име за тоа место. Ова го пишува „Ел Мундо Депортиво“. Арбелоа, до неодамна тренер на младинските и резервните тимови на Реал, ја презеде сениорската екипа во јануари откако Чаби Алонсо беше отпуштен. Сепак, Арбелоа не успеа да ја спаси сезоната. …

Continue Reading

Го контактирав Радев, и со порака и усно, изразивме спремност за разговори, вели претседателката Сиљановска-Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, направила контакт со Румен Радев веднаш по победата на неговата партија „Прогресивна Бугарија“ на последните парламентарни избори. Таа очекува Радев да биде успешен премиер и легитимен претставник на граѓаните во преговорите за спорните прашања меѓу двете земји. „Добро го познавам како претседател, убедена сум дека ќе биде успешен премиер како што беше претседател. Се разбира …

Continue Reading