(Видео) Павловска: Општина Аеродром се менува, СДС останува заглавен во празни обвинувања и политичка хистерија
Со жалење констатираме дека СДС продолжува со истата стара практика – пласирање празни, неосновани и политички мотивирани обвинувања, без суштина и без каква било реална допирна точка со потребите на граѓаните на Општина Аеродром, истакна на прес-конференција Сузана Павловска, претседател на совет на Општина Аеродром. „Со последното соопштение за реконструкцијата на плочниците, СДС уште еднаш покажа дека нема ниту идеи, …
Continue Reading
Промени во Хрватска: нови правила за издавање сместувања
Германските медиуми пишуваат за нови правила што се воведуваат за приватно туристичко сместување од 2027 година, а кои би можеле значително да го променат начинот на издавање апартмани и куќи за одмор. Според нацрт-законот, сите приватни издавачи ќе мора да имаат официјален регистрациски број, без кој повеќе нема да можат да ги огласуваат своите објекти на платформи како Booking.com и …
Continue Reading
Божиновска: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на „Belgrade Energy Forum 2026“, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот, инфомрираат од ресорното министерство. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, министерката порача …
Continue Reading
Началникот на Генералштабот на Армијата во официјална посета на Вооружените сили на Албанија
Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска, 11 до 13 мај 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија. За време на посетата, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи. Во …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет и го отвора патот кон ЕУ
Портпаролката на СДСМ и членка на ИО на оваа партија, Богданка Кузеска вели дека Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет. Ова, според неа, е чиста манипулација. Вистината е спротивна, додава Кузеска. „Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее. Кога сите граѓани, без …
Continue Reading
Николоски: Рокот за Коридор 8 се поместува до декември 2029 година поради две изгубени години од претходната власт
Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици …
Continue Reading
Неизвесна е судбината на Дибала во Рома
Паоло Дибала (32) откри дека Рома сè уште не го контактирала за продолжување на договорот, потврдувајќи дека дербито против Лацио следниот викенд ќе биде неговиот последен домашен натпревар за клубот доколку не се постигне договор. Неговата изјава следеше по драматичната победа на Рома од 3-2 на гости против Парма, која им ги спаси надежите за пласман во Лигата на шампионите, …
Continue Reading
Порака од Србија до ЕУ: Побрза интеграција и отворање на Шенген зоната за Балканот
Српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ во Брисел порача дека Србија бара Европската унија да го забрза процесот на проширување и што поскоро да го отвори Шенген просторот за земјите од Западен Балкан. Тој оцени дека „тврдите граници“ низ регионот ја кочат економијата, туризмот и секојдневниот живот на луѓето, и дека нивното олеснување би донело значителен економски раст, проценет …
Continue Reading
Шпанците тврдат дека Мурињо е новиот тренер на Реал
Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно е главна тема на шпанските медиуми, а сè повеќе извори тврдат дека неговото враќање на клупата на Реал Мадрид е практично завршена работа. По турбулентната сезона без трофеј и бројните проблеми во соблекувалната, Флорентино Перез наводно се одлучил за потег за да ја врати стабилноста и авторитетот во тимот. Изборот паднал на Мурињо. Португалецот на …
Continue Reading