Две лица загинаа во руски ракетен напад во близина на Киев


kiev-napad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа, а осум се повредени во руски ракетен напад врз Бориспиљ, град во близина на Киев, додека во украинската престолнина престојува германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.


Воздушните сирени се огласиле во Киев за време на настан со ветерани на кој присуствувале Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во исто време, Русија извршила напад со балистички ракети врз Бориспиљ, кој се наоѓа на помалку од 30 километри источно од Киев.

Според украинските воздухопловни сили, кон градот биле истрелани најмалку три ракети. Гувернерот на Киевската област, Тимур Ткаченко, потврди дека две лица загинале, а осум се повредени. Пријавена е материјална штета на складишта, возила и згради.

Нападот е најнов во серијата руски воздушни удари врз Украина во последните денови. Вчера бил погоден трговски центар во Криви Рих, родниот град на Зеленски, при што загинаа 16 лица.

По пристигнувањето во Киев со специјален воз, Вадефул ги осуди руските напади и ја обвини Москва за „неселективно убивање цивили“ и намерно уништување на енергетската инфраструктура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK