Емил Рајковиќ со Тофаш го победи првакот на Евролигата

Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен. Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент. Голема заслуга за триумфот …

Continue Reading

Грчка музичка ѕвезда му порача на Ѓоковиќ: „Сакам да те најдам и да ти ја отпеам оваа песна“

Грчката музичка ѕвезда Александра Прехер му испрати порака на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Аура, како што е позната во Грција, му се обрати на српскиот тенисер од Атина и му испрати порака. „Ноле, не сум од Србија, но… Ноле, слушнав дека си се преселил во Атина и те барам, затоа што сакам да ти ја отпеам ‘Ти …

Continue Reading

Арне Слот: Тешко е да се прифати, но поразот ги открива нашите слабости

Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја изрази својата фрустрација по првиот пораз на тимот во Премиер лигата оваа сезона, истакнувајќи ја слабата игра при одбрана на статични позиции. Ливерпул загуби со 2-1 на „Селхерст Парк“ од Кристал Палас, откако Исмаила Сар и Еди Нкетија го искористија корнерот и долгото додавање за победа, прекинувајќи го перфектниот старт на тимот. И покрај …

Continue Reading

Чаби Алонсо: Загубивме заслужено и судиите немаат ништо со тоа

Реал Мадрид доживеа убедлив пораз од 5-2 во дербито со Атлетико Мадрид, прв под водство на Чаби Алонсо. По мечот, тренерот призна дека тимот не бил на потребното ниво и дека проектот што го гради е сè уште во развој. „Одигравме лош натпревар, ниту колективно, ниту индивидуално. Не бевме на висина ниту со топка, ниту без неа. Ова е прв …

Continue Reading

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации. Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се …

Continue Reading

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарски прашања поврзани со најновите анкети кои се појавија во јавноста, а кои наводно укажуваат на слаб резултат на СДСМ,  остро ги отфрли ваквите наративи, оценувајќи ги како намерен обид да се искриви реалната слика во општеството. „Прво, анкетите сметам дека се обид да се искриви вистинската слика во секојдневниот …

Continue Reading

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен и еден е изгаснат, информираат до ЦУК. Активен е пожарот во Општина Демир Капија, кај м.в. Јаворица каде гори нискостеблеста деградирана шума. Изгаснат е пожарот во село Дедели, во Општина Валандово, каде гореше депонија.

Continue Reading

Јувентус и Аталанта и понатаму се непоразени, а ремизираа во Торино

Јувентус и Аталанта одиграа реми 1-1 во петтото коло на Серија А на стадионот „Алијанц“. И покрај очекувањата за динамичен дуел со голови, натпреварот мина во силна борба, со малку реализирани шанси. Во првиот дел, Аталанта ја имаше првата шанса преку Никола Крстовиќ, додека за Јувентус најопасен беше Аџиќ. Водството за Аталанта дојде во судиското надополнување на првиот дел, кога …

Continue Reading

Рекордерот Хари Кејн: Чест е да се постигнат 100 гола во дресот на Баерн, не размислувам за враќање во Англија

Рекордерот по најбрзо постигнати 100 голови за клуб од топ 5 европски првенства, Хари Кејн, зборуваше по убедливата победа над Вердер со 4-0. Капитенот на Англија постигна нови два погодоци, со кои ги надмина достигнувањата на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, достигнувајќи ја бројката од 100 голови само за 104 натпревари. Капитенот на Англија го коментираше својот подвиг. „За мене …

Continue Reading