Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин
Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин. Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото. Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија. Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со …
Continue Reading
Арсенал со голем пресврт и гол во 96.минута го победи Њукасл
Арсенал приреди вистинска драма на „Сент Џејмс Парк“ и со гол во судиското продолжение успеа да слави против Њукасл со 1-2. Херој на „топчиите“ беше Габриел, кој во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го искачи својот тим на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Ливерпул, …
Continue Reading
Саркастичен пост за Јунајтед, па катастрофа во Турција – вечерта на Онана што стана хит на мрежите
Манчестер Јунајтед доживеа уште еден тежок удар на социјалните мрежи, и тоа од човек кој минатата сезона важеше за голем проблем на „Олд Трафорд“ – Андре Онана. Камерунскиот голман, кој летово си замина од клубот, по поразот на Црвените ѓаволи од Брентфорд (3:1) саркастично објави на Инстаграм: „И јас бев проблемот, нели?“ – придружено со емотикони за смеа. Само …
Continue Reading
Филипче: Гласот за СДСМ е одлука за решавање на маката на луѓето, СДСМ не лаже
Лидерот на СДСМ Венко Филипче во своето излагање на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници истакна дека партијата е обединета околу воспоставување на вредносен систем во кој патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за партиски рејтинг, туку значат обезбедување безбедни, чисти и здрави средини за македонските граѓани, како и секојдневна грижа за тоа како животот на …
Continue Reading
Последна шанса за Јунајтед: Влаховиќ доаѓа на „Олд Трафорд“ во јануари?
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ повторно е во фокусот на шпекулациите за трансфер, а овојпат како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува англискиот гигант Манчестер Јунајтед. Влаховиќ во текот на летото беше практично отпишан од Јувентус. Одби да го продолжи договорот под услови на пониска плата, одби понуди од Турција и од Саудиска Арабија, по што односот со раководството се …
Continue Reading
Шкендија го победи Силекс, а Брера во дуел со седум гола славеше против Работнички
Шкендија го совлада Силекс со 2-0 и им го нанесе третиот пораз по ред на кратовци. Во 50. минута, Бесарт Ибраими со прекрасен удар ја погоди мрежата и донесе водство за домаќините, кои подоцна го потврдија триумфот со уште еден погодок во судиското продолжение. Во друг меч, на арената во Скопје, Работнички и Брера приредија вистински фудбалски спектакл, кој заврши …
Continue Reading
Руди Фелер ќе ја напушти Германија по ЕВРО 2028
Руди Фелер ќе ја напушти функцијата спортски директор на германската фудбалска репрезентација по истекот на сегашниот договор, кој трае до крајот на ЕВРО 2028. Тој ја презеде функцијата по елиминацијата на тимот во групната фаза на Светското првенство во Катар. „Двапати го продолжував договорот, но по летото 2028 ќе се повлечам“, изјави Руди Фелер за списанието „Штерн“, цитирано од ДПА. …
Continue Reading
Во Центар натепана лекарка од Итна медицинска помош
Физички напад врз здравствен работник од млада скопјанка бил пријавен во полиција рано утринава, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска во 2:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Д.Б., на возраст од 36 години од скопско Булачани, пријавила дека синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство …
Continue Reading
Романец осомничен за тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. …
Continue Reading