(Видео) Битиќи до Јанкуловски: Како ќе им помогнете на граѓаните откако го одбивте нашиот предлог за 600 евра минимална плата?

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, нагласи дека Владата на ВМРО го одби предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра, смисли „розова“ потрошувачка кошничка, а граѓаните секој месец се соочуваат со сè поголем јаз меѓу платите и трошоците за живот и едвај врзуваат крај со крај. Во отсуство на министерката за …

Continue Reading

Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун не

„Почитуван Апасиев, навистина не ве бивало за бизнис. Сега сфатив зошто имате толку голема фрустрација од овој трет ешалон, каде што вие не можевте ни на десеттиот да дојдете во таа политичка партија, па моравте неколку да смените во меѓувреме. Прашање кога и од таму ќе ве исклоцаат. Но, тоа е друга тема за која што може во некоја друга …

Continue Reading

Одлука за судбината на Манчестер Сити на почетокот на 2027 година

Шефот на Независното регулаторно тело на фудбалот, Дејвид Коган, изјави дека одлуката за жалбата на Манчестер Сити може да се донесе следната година. Во септември, Независната комисија, по повеќе од четири години, пресуди дека Манчестер Сити е виновен по 114 од 115 обвиненија за кршење на правилата на Премиер лигата. Сити сè уште тврди дека не направил ништо погрешно и …

Continue Reading

Недостигот на дизел може да продолжи и во 2027 година, предупредува Меѓународната агенција за енергија

Намалената понуда на дизел на светскиот пазар би можела да продолжи во поголемиот дел од 2027 година, поради ограниченото производство, нарушените испораки од Блискиот Исток и Русија и намалените резерви, предупредува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Според најновиот месечен извештај на агенцијата, во вториот и третиот квартал од годинава од резервите биле повлечени значително поголеми количества дизел од вообичаеното, што …

Continue Reading

Димовски во посета на компанијата „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2: континуирана комуникација со цел создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со дирекцијата за ТИРЗ. Димовски посочи дека компаниите како „Гересхајмер“ имаат значајна улога …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце, ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје. – Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. На секој што …

Continue Reading

(Видео) Апасиев до Мицкоски: Дали државата ја водите како премиер или како менаџер на фамилијарниот бизнис

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, упати прашање до премиерот Мицкоски. Апасиев побара одговор за можниот судир меѓу, како што рече, приватните економски интереси на премиерските роднини и вршењето на јавната власт. Во фокусот на неговото излагање беше Јорданчо Јанев – Дано, во јавноста веќе познат како баџанак на Мицкоски. Според податоците …

Continue Reading

Филипче иронично: „За гравитацијата? Јас. Врне? Јас“ – Манасиевски возврати: „Ние само прашавме, не обвинивме“

Размената на реакции меѓу лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, продолжи по обвинувањата и прашањата што владејачката партија ги изнесе во врска со случајот на Ива Михаилова. Филипче со иронична објава на социјалната мрежа Икс реагираше на прес-конференцијата на Манасиевски, на која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ постави прашања за можна поврзаност на Филипче и поранешниот премиер …

Continue Reading

Каде е факелот на Ахмети за Груби: прашуваат од „Вреди“

Казино момчето Артан Груби излезе од куќен притвор, но е далеку од слободен човек, посочуваат од „Вреди“. Според оваа партија, каков пазар да прави, колку и да ги користи старите врски на ДУИ во правосудството, подземните шеми, Груби уште долго ќе мора да се справува со неговите владејачки гревови. „Има обвинение и без разлика колку е спремен Прпарим Бајрами да …

Continue Reading