Премиерата на „Магбет“ ќе го отвори Шекспир фестивалот и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар
Со премиерата на „Магбет“ во режија на унгарскиот режисер Сабо Иштван, на 14 ноември ќе биде свечено отворено 11. издание на Шекспир фестивалот во Битола, кој оваа година се совпаѓа со 81. роденден на Народниот театар Битола. На денешната прес-конференција директорот на театарот, Васко Мавровски, истакна дека одлуката фестивалот да се одржи во есенски период е донесена затоа што културата …
Continue Reading
Филипче: Се случува економско цунами, странските инвестиции си заминуваат
Се случува економско цунами, странските инвестиции си заминуваат, има 30% помалку вработени, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој укажа на, како што кажа, сериозната економска состојба во државата поради, како што рече, промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче предупреди дека и домашните и странските инвеститори веќе отпушаат вработени, со што, како што кажа, сериозо се загрозува егзистенцијата …
Continue Reading
„Зелен хуман град“ ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за Законот за контрола на индустриски емисии
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје – упати критика кон сите пратеници во македонското Собрание поради усвојувањето на Законот за контрола на индустриските емисии, кој организацијата го нарекува „најштетниот закон во историјата на Македонија“. Од иницијативата најавуваат дека почнуваат постапка за оспорување на уставноста на законот пред Уставниот суд, а паралелно работат …
Continue Reading
Алијанса за Албанците со апел до Африм Гаши да ги закаже изборите пред Нова година
Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, реагираше по објавувањето на конечните изборни резултати од Државната изборна комисија (ДИК), нагласувајќи дека законскиот рок за одржување на повторените избори во четири општини започнува од 29 октомври, а не од денот на последното објавување на резултатите. Според него, од овој датум започнал да тече рокот од 60 дена за одржување на изборите …
Continue Reading
Синергијата и промоцијата како клучни двигатели на креативниот туризам во руралните средини
Во рамки на скопската недела на дизајнот (Skopje Design Week 2025), настан кој прерасна во есенцијална платформа за визии и прогрес на креативните индустрии, за взаемен бенефит на културата и економијата, меѓудругото, се одржаа Конференцијата за развој на туризмот и Работилницата за креативен туризам, со учество на министри, експерти, локални иницијативи и претставници од туристичкиот и креативниот сектор. Главната порака …
Continue Reading
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на …
Continue Reading
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје. Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна …
Continue Reading
Лукровски го доби уверението за градоначалник на Општина Карпош
Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа. Градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им …
Continue Reading
Трипуновски му возврати на Николовски: Твојата политичка кариера е завршена, Владата ќе се бори против корупцијата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, преку статус на „Фејсбук“ остро му возврати на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, кој претходно го критикуваше за суспензијата на ИПАРД-програмата со што, како што тврди, загрозени се 130 милиони евра европски средства. Трипуновски обвини дека Николовски умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв кај земјоделците. Според …
Continue Reading