Акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, пријава против 20-годишник од Тетовско

Како резултат на координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, …

Continue Reading

Лафчиски на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана од командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, денес, присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на мисијата „КФОР“,која се одржа во главната команда на мисијата во кампот „Филм Сити“ во Приштина. На свеченоста, со која претседаваше адмиралот …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ – тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). „На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го …

Continue Reading

Новиот глобален автомобилски бренд Changan официјално пристигнува во Македонија

Компанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд. „Еуроимпекс“ со официјално го претстави брендот CHANGAN, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и …

Continue Reading

„Според Европската конвенција имаме право да одбиеме екстрадиција“, потсетува бугарското МВР по потерницата за Ива Михаилова

Бугарското Министерство за внатрешни работи потврди дека од македонските власти добило барање за меѓународна потрага, апсење и екстрадиција на Ива Михаилова, но соопшти дека досега не се преземени активности за утврдување на нејзината местоположба на територијата на Бугарија. Според соопштението на бугарското МВР, барањето било доставено преку ИНТЕРПОЛ – Скопје на 13 октомври во 19:38 часот, до Дирекцијата за меѓународна …

Continue Reading

Македонија и Кина разговараат за поголем извоз на земјоделски производи, во фокусот македонското вино

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која се разговараше за можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, како и за размена на знаење и искуства во земјоделството. Во делот на трговската размена, посебно внимание беше посветено на можностите за пласман на македонското вино …

Continue Reading

Две лица нападнале 75-годишна жена додека влегувала во лифт во Аеродром и ѝ го одзеле паричникот

Седумдесет и петгодишна жена од Скопје била физички нападната и ограбена од две лица додека влегувала во лифт во станбена зграда во скопската општина Аеродром. Како што информираат од МВР, настанот бил пријавен вчера. В.Т. (75) била нападната од две лица кои ѝ го одзеле паричникот со пари и лични документи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Жена затекнала крадец во својот стан во Аеродром, ја нашла вратата насилно отворена и блокирана со столица

Педесетгодишна жена од Скопје била нападната во сопствениот стан во општина Аеродром, откако при враќањето дома затекнала непознато лице кое, според пријавата, одзело пари од станот. Според пријавеното во МВР, Л.П. (50) забележала дека влезната врата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе бидејќи од внатрешната страна била блокирана со столица. Откако успеала да ја …

Continue Reading

„Безбеден град“ регистрира 296 сообраќајни прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Вкупно 296 сообраќајни прекршоци се регистрирани преку системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, во првите два дена од неговото функционирање, информираат од СВР Охрид. На 12 октомври, првиот ден од функционирањето на системот, биле регистрирани 148 прекршоци, а исто толку биле евидентирани и на 13 октомври, заклучно со 19 часот. Најголемиот дел …

Continue Reading