Изминатите четири дена уапсени седум лица за безобзирно управување на возило
Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2415 издадени платни налози, 435 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот …
Continue Reading
Британска министерка наведе 700 албански семејства како лош пример, Рама и возврати
Албанскиот премиер ја обвини британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд за „етнички стереотипи“ откако таа ги издвои албанските семејства во говорот за злоупотребите на азилот. Еди Рама ја критикуваше Махмуд за тоа што им кажа на пратениците дека околу 700 албански семејства живеат во сместувања финансирани од даночните обврзници и покрај тоа што нивните барања за азил се одбиени, …
Continue Reading
ЦУК: Поради обилните врнежи зголемени се водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќа и штали, има и одрони на патиштата
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, извести Центарот за управување со кризи. Во битолскиот регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради …
Continue Reading
Бангладеш го погоди силен земјотрес: најмалку тројца загинати и повеќе повредени
Најмалку три лица загинале, а неколку се повредени по земјотрес со јачина од 5,7 степени што го погоди Бангладеш. Оштетени се згради во повеќе области, вклучително и во густо населената Дака. Тлото се тресело и во источните индиски региони, но засега нема поголема штета, јавија властите. Според Американската геолошка служба, епицентарот бил во градот Нарсингди, околу 40 километри источно од …
Continue Reading
Шведски генерал: Русија наскоро ќе го тестира Членот 5 на НАТО
Шведскиот генерал Мајкл Клаесон предупреди дека Русија наскоро ќе се обиде да ја тестира колективната одбрана на НАТО според Член 5 и рече дека Европа мора да се подготви да употреби сила за да ја одврати Москва. Тој го кажа ова во интервју за Политико. „Сигурен сум и убеден дека во секој момент ќе бидат подготвени да го тестираат Член …
Continue Reading
Волстрит џурнал: Рубио денес ќе разговара со европските претставници за мировниот план за Украина
Американскиот државен секретар Марко Рубио планира денес да разговара со европските претставници за новиот американски план за мирно решавање на конфликтот во Украина, објави „Волстрит џурнал“. Според весникот, Рубио, кој е и советник на претседателот за национална безбедност, ќе разговара со високи европски претставници задолжени за национална безбедност. Во текстот се наведува дека неколку високи европски дипломати изразиле надеж дека …
Continue Reading
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи. Својата кариера ја гради храбро, гласно …
Continue Reading
Американска конгресменка обвинета за кражба: ѝ се заканува затворска казна до 53 години
Конгресменка од САД е обвинета за кражба на 5 милиони долари од федералните фондови за катастрофи. Во обвинението се тврди дека Шила Черфилус-Меккормик испрала дел од парите на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) преку нејзината изборна кампања во 2021 година. Главниот обвинител Пам Бонди го нарече тоа „особено себичен, циничен злостор“. 46-годишната демократка е под истрага на …
Continue Reading
(Видео) Бирмингем гради спектакуларен стадион, планот е и да го врати Белингем
Кон средината на октомври, креаторот на популарната серија „Peaky Blinders (Пики Блајндерс)“, Стивен Најс, објави дека е дел од тимот што го подготвува проектот за изградба на новиот стадион на Бирмингем Сити. Проектот е презентиран и изгледа навистина спектакуларно. Не станува збор само за стадион, како што беше првично најавено. Проектот вреди 1,36 милијарди евра. Претседателот на клубот, Том Вагнер, …
Continue Reading