Косово оди на нови избори по неуспехот да формира влада

Косово ќе оди на вонредни парламентарни избори на 28 декември 2025 година, објави претседателката Вјоса Османи, откако пропаднаа обидите во Собранието да се обезбеди мнозинство за да бидат донесени бројни клучни акти, меѓу кои и буџетот за 2026 година. Османи го избрала подоцнежниот датум поради технички барања и очекувањата за поголем одѕив. Таа изрази жалење што граѓаните повторно одат на …

Continue Reading

Српскиот претседател се соочува со пријава во случајот со „снајперскиот туризам“ во 90-те во Сараево

Хрватски истражувачки новинар поднел пријава до обвинителите во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ, поради неговата наводна вмешаност во аферата „Сараевско сафари“, во која снајперисти од Италија и други земји наводно патувале во главниот град на Босна за да убиваат цивили за време на четиригодишната опсада на градот во 1990-тите години. Последната недела, обвинителите во Милано започнале истрага насочена кон …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Човекот на Путин кој стои зад нацрт-планот на Трамп за Украина

Кирил Дмитриев, 50-годишен руски дипломат со длабоко познавање на Соединетите Американски Држави, каде што студирал и работел, се најде во центарот на светското внимание. Како раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и човек од деловниот свет, Дмитриев стана клучна фигура во разговорите со администрацијата на Трамп, а нацрт-планот за мир што произлезе од неговите средби со специјалниот американски пратеник …

Continue Reading

Ѓорѓиевски со порака за посилна регионална соработка на форумот на Стопанската комора на Војводина

Во рамките на осмиот форум кој е организиран од Стопанската Комора на Војводина во Нови Сад се одржа панел дискусија со фокус на регионалната соработка,зелената транзиција и идните чекори на регионот на која покрај домаќинот господин Владимир Гак преседател на стопанската комора на Војводина учествуваа Горан Ѓорѓиевски преседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, преседателот на Стопанската комора на …

Continue Reading

25 години музичка магија: Јубилејниот концерт на „Музички моменти“ ја разведри Гевгелија со виртуозни настапи на реномирани уметници

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 20 ноември, во свечената сала на хотел „Аполонија“- Гевгелија, се одржа импресивен јубилеен концерт по повод 25 години од формирањето на Здружението на граѓани „Музички моменти“. Настанот, кој привлече бројна публика, се одвиваше во атмосфера исполнета со уметнички сјај, возвишена музичка интерпретација и чувство на почит кон долгогодишната …

Continue Reading

Студентските ваучери стартуваа, процесот се одвива брзо и без проблеми, трговците спремни но и залихите се трошат брзо

По повеќемесечни очекувања стартуваше програмата за студентските ваучери за 2025 година, а скоро 10.000 студенти веќе го подигнале својот одбран уред од економските оператори, што значи дека првите денови од програмата се со неочекувано голема реализација. Според информациите од терен, интересот кај студентите е огромен и процесот на избор, резервација и подигнување на уредите засега функционира без застој. Од ИТ-секторот …

Continue Reading

Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање на територии и двојно помала војска

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно поскоро да го прифати мировниот план што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го договори со Москва за прекин на војната на Русија против Украина, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински претставници. Украински претставници и лице запознаено со процесот го споредија пристапот на САД со агресивниот притисок што …

Continue Reading

„Њујорк пост“: Мировниот план на Трамп доби позитивна оценка од Умеров

Американските претставници велат дека новиот мировен план на Трамп, кој предвидува Украина да се откаже од дел од своите територии и да ги намали своите трупи, добил позитивна реакција од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, објавува „ Њујорк пост“ . Весникот се повикува на информации што му ги дале високи американски претставници. „Функционерите …

Continue Reading

Легендата на Манчестер Сити замина во пензија

Фернандињо, бразилски играч од средниот ред и долгогодишен капитен на Манчестер Сити, одлучи да ја заврши својата фудбалска кариера на 40-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше бразилскиот Атлетико Параненсе, со кого ја заврши соработката на почетокот на годината. Бразилецот не најде нова работа, па затоа одлучи да ја заврши својата професионална кариера, која траеше повеќе од 20 години. Тој започна …

Continue Reading