„Си-Ен-Ен“ објави: Американската ФДА разгледува воведување највисоко предупредување за вакцините против ковид-19
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) планира да воведе т.н. „блек бокс“ предупредување, највисоко ниво на безбедносно предупредување, за вакцините против ковид-19, објави Си-Ен-Ен. Станува збор за предупредување кое се користи за истакнување на сериозни ризици, животозагрозувачки и трајни несакани ефекти, кои мора да се земат предвид во однос на придобивките од вакцината. Планот сè уште не е конечен …
Continue Reading
Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година
Најубавите дела секогаш се оставаат за крај – токму така компанијата Mozzart ја завршува оваа година, со гест кој носи надеж и светлина. Во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид пристигна вредна донација – современ ортопедски трауматолошки борер, апарат кој ќе ја олесни работата на лекарите и ќе им овозможи на пациентите побрзо и поквалитетно лекување. „Нашата благодарност кон Mozzart …
Continue Reading
Нова истрага за проневера во прилепската болница: благајник украл 15 милиони денари од наплати на шалтер
Постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Проневера во службата. „Постои основано сомнение дека тој во временскиот период од 01.01.2020 година до 31.12.2021 година, во својство на службено лице – самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско …
Continue Reading
Општина Струмица е надлежна за Б-интегрирана еколошка дозвола, а за А-интегрирана еколошка дозвола надлежно е Министерството за животна средина
До општина Струмица во изминатиот период во повеќе наврати се поднесувани Иницијативи кое се однесуваат на вршење на вонреден инспекциски надзор над постројки и инсталации во сопственост на правни субјекти кои имаат А-интегирана еколошка дозвола. Земајќи ги во предвид позитивните законски одредби од Законот за животна средина, каде се пропишани надлежностите на Општината, Градоначалникот и Општинскиот инспектор за животна средина …
Continue Reading
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Македонија2025 ги објави резултатите од својата работа во 2025 година, при што организацијата постигна рекордни успеси во поддршката на економскиот развој, лидерството и глобалната поврзаност на земјата. Во 2025 година, Македонија2025 имплементирала, преку повеќе од 40 програми и иницијативи со кои се поддржани 168 компании, доделени се 190 стипендии за едукација и усовршување, а 2.573 лидери и таленти биле директно …
Continue Reading
(Видео) Прва победа на Линдзи Вон по повеќе од седум години
Првата трка во спуст во женска конкуренција оваа сезона како дел од Светскиот куп донесе спектакл. Американската легенда, Линзи Вон, ја однесе победата во Сент Мориц. За 41-годишната Вон, ова е прва победа во Светскиот куп од март 2018 година и нејзиното враќање на скијањето минатата сезона, откако речиси пет години беше во пензија. Вон се врати од операција на …
Continue Reading
Будимпешта обвинува: Со одлуката за рускиот имот завршува владеењето на правото во ЕУ
Унгарија упати остри критики за гласањето во Брисел за замрзнатиот руски имот, оценувајќи дека со тоа се кршат темелните европски договори и принципот на едногласност. Од Будимпешта порачаа дека ваквата одлука значи крај на владеењето на правото во Европската Унија. Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Брисел денес го преминува Рубикон“, наведувајќи дека со писменото гласање …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи
Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи и затоа Македонија се соочува со последици кои никогаш не смееле да се дозволат, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Оливер Спасовски не го одзел овластувањето на станицата за технички преглед во Сарај, иако имало официјален извештај со констатирани неправилности, тој не презел мерки во законскиот рок, туку …
Continue Reading
Кривична пријава против седум лица од Струмица поради „загрозување на животната средина со отпад“
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.Ш.(43), Е.Д.(28), К.И.(19), Е.И.(44), А.Ј.(27), А.Д.(31) и Ф.К.(18), сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“. „Пријавените лица неовластено тргувале со отпад, односно се занимавале со откуп на отпадни метални предмети и хаварисани возила од разни физички лица, …
Continue Reading