Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во …
Continue Reading
Словачкиот министер за одбрана: Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО
Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак изјави за словачката новинска агенција „TASR“ дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и остро ги критикуваше постапките на групата земји што ѝ помагаат на Украина. Според него, Европската Унија не треба да се меша во прашањата за колективна одбрана бидејќи оваа работа треба да остане во надлежност на НАТО. Тој верува …
Continue Reading
(Видео) Уште еден кикс на Ливерпул – Палас и Фулам освоија по еден бод
Фудбалерите на Ливерпул и Лидс одиграа без голови во натпреварот од 19-то коло од Премиер лигата. Tимот од „Енфилд“ ги разочара навивачите по којзнае кој пат оваа сезона, а воедно ја пропушти шансата да се приближи до водечката тројка на табелата, поточно до третопласираната Астон Вила. Зад „црвените“ е период на стабилизација на резултатите по црната серија што ги донесе …
Continue Reading
Во Торонто отворен Музеј на „промашени“ подароци
Во Торонто е отворен Музејот на лоши подароци, каде што се изложени „неуспешни“ подароци, односно оние што лицето кое ги примило не му се допаднале. Музејот ги покани граѓаните да донираат подароци кои едноставно не се за нив, на кои не им е посветено многу внимание при изборот или кои се „навистина ужасен подарок“, објавува „Торонто Сан“. Според музејот, тие …
Continue Reading
Швајцарскиот претседател за пожарот: Драма од невидени размери, животите особено на младите, беа брутално прекинати
Швајцарскиот претседател Гај Пармелен денес изјави дека пожарот што избувна во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ е една од најлошите трагедии што ја погодиле таа земја, а командантот на кантоналната полиција Фредерик Жизле рече дека околу четириесет лица загинале во пожарот, а 115 се повредени. „Тоа е драма од невидени размери. Животите на многумина, особено на …
Continue Reading
Насилство на новогодишната ноќ во Холандија: има загинати, се запали и црква во Амстердам
Полицијата во Холандија беше „бомбардирана“ со огномет на новогодишната ноќ и се соочи со „невидена количина на насилство“, соопштија локалните службеници. Црква од 19 век во Амстердам се запали во раните утрински часови, иако причината за пожарот сè уште не е позната. Кулата на црквата, висока 50 метри, се урна. Властите соопштија дека покривот е тешко оштетен, но се очекува …
Continue Reading
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“. Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот. Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со …
Continue Reading
Трамп: Добри вести, двајца од најлошите политички прогнозери на сите времиња, официјално станаа државјани на Франција
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја коментираше одлуката за доделување француско државјанство на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни. Уредбата што ја виде агенцијата Франс Прес покажува дека 64-годишниот добитник на Оскар, неговата сопруга Амал Аламудин Клуни и нивните две деца станале француски државјани. Трамп, чија администрација поддржува антиимигрантски партии во Европа, рече дека тоа се „добри вести“. „Добри вести! Џорџ и …
Continue Reading
Расте бројот на жртви во пожарот во швајцарскиот ски-центар: најмалку 47 загинати, околу 100 повредени
Неколку десетици луѓе се загинати, а околу сто се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Le Constellation“, а причината сè уште не е позната, објави Би-Би-Си. Во изјава за медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека во …
Continue Reading