ВМРО-ДПМНЕ: Ценовен удар и мигранти ниту имало ниту ќе има
СДС и Венко Филипче нивниот неуспех, дебакл и дното до кое се стигнати, не можат да го покријат со ниту една прес-конференција во која шират паника, хистерија и страв кај граѓаните со измислени апокалиптични сценарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ. „Првично прогнозираа темни сценарија, а веројатно и посакуваа, дека ќе банкротира државата, дека …
Continue Reading
Мерц: Црна Гора практично ги заврши преговорите за пристапување во ЕУ
Членството на Црна Гора во Европската унија е реално остварлива цел, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во своето воведно обраќање на самитот во рамките на Берлинскиот процес во Милочер. Тој истакна дека Црна Гора постигнала значителен напредок и речиси целосно ги завршила преговорите за пристапување. Мерц додаде дека реформите, политичката волја и регионалната соработка се клучни за понатамошниот напредок на …
Continue Reading
Хакерите можат да преземат веб-сервери без лозинка, издадено е итно предупредување
Две сериозни безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP – кој го користат бројни веб-сајтови и апликации – би можеле да им овозможат на хакерите да преземат контрола врз серверите, без потреба да се најавуваат во системот. Националниот CERT издаде предупредување за оваа опасност, апелирајќи до администраторите што поскоро да ги инсталираат безбедносните ажурирања. Поради овие откриени ранливости, веб-сајтовите на владините …
Continue Reading
(Видео) Џон Гудман, кој ослабе 90 килограми, зборуваше за борбата со килограмите: Се прејадував бидејќи тоа ми носеше утеха
Џон Гудман отворено проговори за долгиот пат што го помина за да ги промени своите животни навики и да изгуби повеќе од 90 килограми. Актерот, кој некогаш тежел речиси 181 килограм, вели дека неговата борба со алкохолот и односот кон храната со години биле поврзани. Денес, на 74-годишна возраст, тој е трезен уште од 2007 година и своето закрепнување го …
Continue Reading
Снајперските тимови на „Тигар“ со успех на меѓународниот натпревар „БОРАН 8“ во Турција
Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на престижниот меѓународен натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, кој се одржа во Република Турција, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Во силна меѓународна конкуренција, со учество на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија високото деветто место, потврдувајќи ја својата подготвеност, професионалност и способност за рамноправно натпреварување со …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: Од Нова година следува нов ценовен удар
Се најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година, изјави Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. „МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава. Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени …
Continue Reading
Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината
Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз со резултат 4:1, изјавата на Бруно Фернандеш дека менаџерот Мајкл Керик е виновен за поразот, која ќе има сериозни последици во соблекувалната, доби уште една лоша вест. Од почетокот на сезоната на „Олд Трафорд“ се соочија со гоелм број на повреди. Еден од повредените фудбалери е и Бенјамин Шешко. Словенецот е единствената …
Continue Reading
(Фото) Започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека започнала целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. „Кога заедно со Дарко Костовски ја баравме довербата од граѓаните, дадовме јасно ветување, дека во текот на мојот мандат, овие две значајни улици во Бутел ќе бидат целосно реконструирани. Денес, за неполна година од преземањето на одговорноста, долгогодишното барање на жителите веќе станува дело. …
Continue Reading
Концерт на Галија „50 години со вас“ во Македонска филхармонија
Пет децении музика. Пет децении песни што останаа дел од животите на генерации. На 28 декември 2026 година, легендарната Галија доаѓа во Скопје, каде во Македонска филхармонија ќе одржи голем јубилеен концерт по повод 50 години постоење. Скопје ќе биде дел од големото јубилејно патување на еден од најзначајните рок-бендови на овие простори, бенд чија музика одамна ги надмина границите …
Continue Reading