Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

Continue Reading

Стојаноска: Парите за минималецот може веднаш да се најдат, дел на Водно кај хациендите на Филипче, дел во Дубаи и дел во Струмица по масите на хотел Парк

Како СДСМ може да обезбедат пари за минимална плата? Да го вратат она што го испокрадоа во време на нивното 7 годишно владеење, напиша во објава на социјалните мрежи Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. „Ако ова не го сторат самите, тогаш многу скоро низ судски процеси ќе враќаат сѐ што испокрадоа, заедно со казни затвор за истото. А, ако случајно …

Continue Reading

Муцунски на состанок за Коридор 8, во Тирана: Државата, како централна точка, останува целосно посветена на неговата реализација

Денеска, во Тирана, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, учествуваше на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. Состанокот се реализираше како продолжение …

Continue Reading

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР, стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи, како што појаснуваат од министерството, за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и …

Continue Reading

Со приказната за авионот Мицко ја расплака пола Македонија, велат од СДСМ

Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија. Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано“, велат од СДСМ по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски. „Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска ја повика Јаневска да го повлече предлог-законот за високо образование

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница упати прашање до министерката за образование, Весна Јаневска, кое се однесуваше на предлог законот за високо образование и последиците од неговите решенија врз автономијата на универзитетите, квалитетот на образованието и можностите за развој на студентите и академскиот кадар. Таа се осврна на реакциите од академската заедница кои предупредуваат дека законот премногу …

Continue Reading

Нова соработка во FMCG секторот: Нелт Група започнува со дистрибуција на производите на Бамби во Северна Македонија

Бамби, една од најпознатите кондиторски компании во регионот, е нов принципал во портфолиото на компанијата Нелт СТ, членка на Нелт Група. Со оваа соработка, Нелт СТ ја започнува дистрибуцијата на производите на Бамби на пазарот во Северна Македонија. Партнерството на компанијата Бамби со силен регионален бренд и на компанијата Нелт СТ, која располага со исклучителна локална експертиза во областа на …

Continue Reading

Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани

„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица. Тој …

Continue Reading

Минчев на јавна расправа во Собранието: Одговорност, мерит и јасни правила за високото раководство во администрацијата

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа во рамки на Комисијата за политички систем при Собранието на Република Македонија, посветена на Предлог-законот за високата раководна служба во органите на државната управа и фондовите. Во своето обраќање, Минчев истакна дека реформата на високата раководна служба претставува клучен сегмент од сеопфатната реформа на јавната администрација и дел …

Continue Reading