(Видео) Кузеска: Петер Маѓар најавува истрага за 4iG во Унгарија – Вучевиќ во Скопје за спас на пропагандната машинерија на ВМРО и СНС


bogdanka-sdsm-pres.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, престојуваше во Македонија. Вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ и средбата со Христијан Мицкоски е спасување на медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации – СНС и ВМРО-ОКГ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.


„Видовме партиски состанок на којшто присуства и Адамовиќ, почесниот конзул на Македонија во Србија и негов бизнис партнер. Но што бара почесен конзул на партиски состанок? Зарем Мицкоски не рече дека амбасадорот го поставил? Иста приказна како со обвинителот кого не го познавал ама телефонски разговара. Друг важен дел од агендата е EuroNews и поставувањето на Ивона Талевска за уредник за Македонија“, рече таа.

Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 % од медиумскиот простор во Македонија, додава Кузеска, ВМРО-ОКГ активно ја користи и трол-фармата и бот-мрежата на својата сестринска партија СНС и Вучиќ.

„Падот на Орбан ја загрозува целата добро позната медумска пропагдана шема на оската Орбан-Мицкоки-Вучиќ за контрола на медиумите и политичка пропаганда. Новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар најави ревизија на договорите потпишани за време на владеењето на Орбан, меѓу кои и договорот со 4iG. Поранешната влада на Орбан го потпишала договорот вреден 4,3 милијарди долари со 4iG само неколку недели пред да ја загуби власта. Тоа е истата компанија со која владата на Мицкоски склучи договори во Македонија. Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок? Се сретна токму со претставниците на 4iG. Имаше уште еден состонок, за мигранти, односно економски работници, но него не го пријави. 4iG купија лиценца за четврт оператор на мобилна телефонија“, рече Кузеска.

Токму 4iG, додаде таа, имаше задача да обезбеди платформа за поврзување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK