Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата
Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски. Најавата доаѓа пред утрешната корекција на цените на горивата од Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски вели дека со новата мерка Владата очекува намалување на цената на дизелот. …
Continue Reading
Левица: Над 300 милиони денари од Државна лотарија за прославата – „јавните пари не стануваат приватни“
Левица обвинува дека Владата се обидува да ја оправда одлуката повеќе од 300 милиони денари од Државна лотарија да бидат потрошени за прославата на 35-годишнината од независноста, претставувајќи ги средствата како пари на компанијата, а не како јавни средства. Од партијата велат дека ваквото објаснување е спротивно на наодите на Државниот завод за ревизија, кој во своите извештаи Државна лотарија …
Continue Reading
Еден месец ни трага, ни глас од Љупчо – семејството прашува: „Кој ја води потрагата?“
Точно еден месец нема никаква трага од исчезнатиот Љупчо, а неговото семејство денеска повторно упати апел до јавноста и побара од надлежните институции конкретни информации за тоа што досега е преземено во потрагата. Неговиот внук Дарко вели дека семејството веќе еден месец живее во неизвесност, страв и надеж, а во меѓувреме самото се обидува да собира информации и да ги …
Continue Reading
„Таск Форс“ во акција кај Љубаништа: Приведен прилепчанец со повеќе пакувања марихуана
Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера вечерта привеле 43-годишен прилепчанец, откако кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и една сина таблета. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 12 септември во 22:20 часот, во близина на автокампот „Љубаништа“. Во рамки на мерките за …
Continue Reading
(Видео) Драматична ноќ на Брач: Пожарот беснееше до зори, 200 луѓе евакуирани во прифатни центри
Како изгледала ноќта на хрватскиот остров Брач додека голем пожар се ширел низ делови од островот најдобро покажува снимката објавена од „Ватрогасци 193“. На временската снимка, направена од 22 часот до утрото, се гледа како огромни пламенски јазици во текот на ноќта се шират над островот, додека пожарникарите се бореле огнот да не стигне до куќите и другите објекти. На …
Continue Reading
СДСМ со жесток напад врз Мицкоски: „Нема веќе улични банди, има партиска – ВМРО-ДПМНЕ контролира сè“
СДСМ утрово излезе со две остри реакции против премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, оспорувајќи ги неговите тврдења за растот на пензиите, економијата и борбата против криминалот. Опозициската партија притоа изнесе и серија тешки обвинувања за злоупотреба на државните институции и јавните пари. Првата реакција следува по изјавите на Мицкоски за економските резултати на Владата и неговото тврдење дека растот на …
Continue Reading
Пациент со повреда на ’рбетот почна да губи невролошки функции, тим од ТОАРИЛУЦ итно замина во Прилеп
Вчера, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, директорот д-р Мерџаноски замина во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети. – Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација …
Continue Reading
Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието
Сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност се очекува денеска, а температурите ќе достигнат најмногу до 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19 степени, …
Continue Reading
(Видео) Ѓорѓиевски по настапот на Дејвид Гета: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница сподели видео од настапот и впечатоците на Дејвид Гета од спектакуларниот концерт во Скопје. -Скопје никогаш не било поубаво! Центар на светот, на забавата и дружењето! Град што пулсира со радост, обединува и создава спомени за цел живот! Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за прекрасната организација и …
Continue Reading