(Видео) Агенцијата за филм во чест на починатиот Кирил Поп Христов – Кили: Неговото дело ќе продолжи да живее преку филмовите и улогите што ги создаде
Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на актерот Кирил Поп Христов – Кили, уметник кој остави значаен траг во македонската филмска и театарска уметност, истакнуваат од Агенцијата за филм. „Со својата посветеност, талент и автентична актерска енергија, тој создаде ликови кои ќе останат запаметени од публиката и ќе бидат дел од културната меморија на македонскиот филм. Во негова …
Continue Reading
Хегсет вели дека иранските лидери се кријат како стаорци; Лариџани: Нашите лидери се со народот, додека Американците се на „островот Епстин“
Али Лариџани му одговори на шефот на Пентагон, Пит Хегсет, кој рече дека иранските лидери „се кријат како стаорци“, истакнувајќи дека бројни високи функционери, вклучувајќи го и претседателот Масуд Пезешкијан, се појавија јавно на митинг во Техеран. „Господине Хегсет! Нашите лидери беа и се меѓу народот. А вашите? На островот на Епстин!“, напиша висок ирански функционер на платформата Икс, алудирајќи …
Continue Reading
Лукашенко: Земјите што го нападнаа Иран не ги постигнаа своите цели
Оние што учествуваа во воениот напад врз Иран не успеаја да ги постигнат своите цели, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Што се случи? Ништо. Знам што сакаа. Четири или пет точки, од соборувањето на владата до бомбардирањето на нуклеарните постројки и напуштањето на нуклеарното оружје. Ништо не се случи“, рече Лукашенко во разговор со новинарите за време на посетата на …
Continue Reading
Психијатар во Марсеј осуден на 20 години затвор: силувал пациентки
Судот во Марсеј денес осуди психијатар од тој град на 20 години затвор за силување и сексуално злоставување на четири пациентки. Пред една година, Кривичниот суд во Буш-ди-Рон го осуди докторот на 12 години поради намалена ментална способност поради биполарно растројство, објави „Фигаро“. Обвинителството, кое во прв степен бараше 18 години затворска казна, поднесе жалба против таа одлука, а овој …
Continue Reading
Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска во Загреб, во изјава за медиумите се осврна на гласините за новото оружје на српската армија и повтори дека ќе го предупреди НАТО за тоа, но не сакаше да навлегува во детали. „Такво оружје никогаш не е видено на европска територија“. Кога станува збор за американското олеснување на санкциите врз руската нафта, премиерот рече …
Continue Reading
„Танц фест“ во Битола
Во Битола денес е потпишан договор за соработка помеѓу Општина Битола и Интерарт културниот центар, за програмата на „Танц Фест“ 2026 која ќе се оддржи на неколку локации низ градот. За прв пат „Танц Фест“ ќе има официјално затварање во Битола, кое ќе се случи на сцената на Народниот театар во Битола. Фестивалската програма во Битола започнува со експериментално отворање, …
Continue Reading
Трамп: Путин „можеби“ малку му помага на Иран, бидејќи мисли дека ние ѝ помагаме на Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „можеби малку“ му помага на Иран. „Мислам дека можеби малку им помага (на Иран), да, претпоставувам. И веројатно мисли дека ние ѝ помагаме на Украина, нели?“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Трамп, исто така, истакна дека на Соединетите Американски Држави не им е потребна помошта од Украина …
Continue Reading
Одермат испиша историја во Франција
Марко Одермат влезе во историјата, на алпското скијање во петокот, откако освои два Кристални глобуси во еден ден. Швајцарскиот феномен ја одбрани својата титула во спуст во Куршевел, Франција, и математички ја потврди својата победа во генералниот пласман на Светскиот куп. Со трето место, неговиот седми подиум во спуст оваа сезона, Одермат го обезбеди својот трет последователен глобус во спуст. …
Continue Reading
Утре умерено облачно со сончеви периоди: можен краткотраен дожд, температури до 19 степени
Утре времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне, претежно во западните делови, ќе има услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 2 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време, со услови за …
Continue Reading