Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта. Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и министерот за …
Continue Reading
(Видео) Еден загинат, речиси 530 повредени во тајфунот „Чампи“ на Тајван
Едно лице загина, а речиси 530 лица се повредени во тајфунот „Чампи“, кој предизвика голема материјална штета на Тајван, соопштија денеска надлежните служби. Маж загинал во четвртокот во јужниот дел на островот, откако брановите го повлекле во морето. Во невремето паднале речиси 2.200 дрвја, а оштетени се повеќе од 700 објекти. Според медиумските извештаи, над 280.000 домаќинства привремено останале без …
Continue Reading
Напаѓачот кај Париз пукал и кон детско игралиште, Макрон го нарече нападот расистички тероризам
Во пукањето во Трап и Ла Вериер убиен е еден маж, а пет лица се повредени. Осомничениот пукал од автомобил на три локации, а полицијата го уапсила во блискиот Коањер. Француското Национално антитерористичко обвинителство води истрага поради можен терористички и расистички мотив. Меѓу повредените има и 12-годишно девојче Пукањето се случило утрово. Според министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, осомничениот …
Continue Reading
Руни: Играчите на Јунајтед се себични, се однесуваат како мали деца
Манчестер Јунајтед е во голема криза. Тимот на Мајкл Карик е без победа во последните седум натпревари. Англискиот гигант има само две победи во 11 настапи оваа сезона, а Карик се соочува со зголемен притисок поради лошите резултати и незадоволството во тимот. Тимот беше критикуван од еден од најголемите играчи на Јунајтед на сите времиња, Вејн Руни. „Играчите се многу …
Continue Reading
Јувентус има 16 повредени фудбалери
Им нема крај на проблемите со повредите, со кои се соочува Јувентус. Последни на долгата листа се Зеки Челик и Нико Гонзалез. Прегледите во клиниката на „J|medical club“, потврдија мала повреда на задниот дел од левата нога кај Челик, додека на Гонзалез му беше дијагностицирана мала повреда на десната потколеница. Иако до крајот на сезоната остануваат повеќе од седум месеци, …
Continue Reading
Предупредување за цунами во Италија: серија земјотреси предизвика паника, евакуирани училишта и јавни установи
Во јужниот дел на Тиренското Море денеска е регистрирана серија земјотреси, од кои најсилниот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала. По потресите е издадено портокалово предупредување за опасност од цунами, додека во Палермо се евакуирани училишта и канцеларии. Според податоците на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), трите најсилни потреси, со магнитуди од 5, 3,6 …
Continue Reading
Кремљ: Русија и Украина ги усогласуваат роковите за прекин на огнот
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руските и украинските воени сили ги усогласуваат роковите за прекин на огнот во подрачјето на градот Олешки, во Херсонската област, пренесува РИА Новости. „Луѓето кои сакаат ќе можат да го напуштат тоа место“, рече Песков. Тој наведе дека Русија ги поздравува напорите на првата дама на САД, Меланија Трамп, која, според него, …
Continue Reading
(Видео) Се урна повеќекатница во Кенија, се трага по луѓе затрупани под урнатините
Повеќекатна зграда во изградба се урна денеска во Најроби, главниот град на Кенија, при што се стравува дека голем број луѓе останале затрупани под урнатините, пренесува агенцијата АП. Зградата се урнала околу 13 часот во прометната трговска улица во населбата Истли. Повеќе од десет ката се урнале еден врз друг, оставајќи огромни количества бетонски урнатини. 🇰🇪 An 18-storey building under …
Continue Reading
(Видео) Николоски најави изградба на патот до Стенче и реконструкција на патот до Гургурница
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при денешната посета на селото Стенче во општина Брвеница, најави реализација на патни проекти и продолжување на поддршката за општината од Министерството за транспорт и Владата. Николоски информираше дека е завршена тендерската постапка и е избран изведувач за изградба на патот до селото Стенче и црквата „Св. Екатерина“, за која рече дека …
Continue Reading