(Видео) Еден загинат, речиси 530 повредени во тајфунот „Чампи“ на Тајван


screenshot-2026-10-24-073701.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а речиси 530 лица се повредени во тајфунот „Чампи“, кој предизвика голема материјална штета на Тајван, соопштија денеска надлежните служби.


Маж загинал во четвртокот во јужниот дел на островот, откако брановите го повлекле во морето.

Во невремето паднале речиси 2.200 дрвја, а оштетени се повеќе од 700 објекти. Според медиумските извештаи, над 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија.

Тајфунот „Чампи“, кој накратко достигна сила на супертaјфун, во меѓувреме ослабнал. Тајванската метеоролошка служба регистрирала постојана брзина на ветерот до 126 километри на час во близина на центарот на невремето, со налети до 162 километри на час.

Се очекува тајфунот да продолжи да се движи кон север и до недела да помине покрај кинеската крајбрежна провинција Џеџијанг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK