Мерц повика на единство во владината коалиција и предупреди на руските обиди за дестабилизација

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на единство во владејачката коалиција, предупредувајќи дека Германија се соочува со сè поголеми закани од политичкиот екстремизам и, како што наведе, со секојдневни обиди на Русија за дестабилизација на земјата. Говорејќи на конференцијата на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринската партија на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Баварија, Мерц оцени дека Германија се соочува со „исклучително сериозни предизвици“, …

Continue Reading

Може ли Украина да продолжи да се брани без САД? Европа плаќа повеќе, но клучните воени системи остануваат американски

Украина и натаму во голема мера се потпира на американската воена технологија, разузнавачките податоци и клучните одбранбени системи, иако Европа презеде поголем дел од финансискиот товар за поддршка на Киев. Зголемените тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го отворија прашањето дали Украина може да ја продолжи одбраната без поддршка од Вашингтон, анализира Си-ен-ен. Трамп …

Continue Reading

(Видео) Протести против крајната десница во Франција, во Орлеан се собраа до 26.000 луѓе

Илјадници луѓе денеска протестираат во Франција против крајнодесничарската партија Национален собир (РН), која одржува конгрес во Орлеан, додека во Париз демонстрациите се најавени за попладнево, од 14 до 19 часот. Според француските медиуми, во Орлеан до пладне се собрале 11.000 демонстранти, според податоците на префектурата, додека организаторите тврдат дека бројот достигнал 26.000. 🔴 ORLÉANS | 26 000 manifestants contre le …

Continue Reading

(Фото) Димитриеска-Кочоска: Одговорноста не познава празници, работиме на подготовката на Буџетот за 2027 година

Министерството за финансии интензивно работи на подготовката на Буџетот за 2027 година, додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа на социјалните мрежи објави дека активностите во Министерството продолжуваат и за време на празници и викенди, нагласувајќи ја одговорноста на институцијата за управувањето со јавните финансии. „И кога е …

Continue Reading

Во Солун запленети 22.834 фалсификувани играчки, казна од 100.000 евра за фирмата

Грчката полиција уапсила 43-годишен странски државјанин, привремено задолжен за работата на продавница во западниот дел на Солун, откако инспекторите во магацин откриле 22.834 играчки со фалсификувани заштитни знаци. Акцијата ја спровела Меѓусекторската единица за контрола на пазарот (ДИМЕА), во соработка со тимот КОЕ-МЕТЕЛ од Солун, пренесува „Катимерини“. Според соопштението на грчката полиција, запленетите производи имале копии или измамнички имитации на …

Continue Reading

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев, приведени тројца осомничени

Бугарскиот бизнисмен, поранешен европратеник и некогашен европски првак во теквондо, Слави Бинев (60), е убиен утрово во својот дом во софиската населба Павлово. Полицијата привела три осомничени лица, соопштија бугарските власти. Според бугарскиот весник „Дневник“, полицијата добила пријава за случајот околу 10:20 часот по локално време. Бугарските медиуми објавија дека Бинев бил застрелан, а тројцата осомничени биле приведени на автопат. …

Continue Reading

„Ќе биде долг ден“: Војници патролираат низ Париз пред новите протести

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нунез ја повика полицијата да реагира „исклучително брзо“ на секој обид за предизвикување инциденти за време на денешните протести. Во меѓувреме, војници им се приклучија на полициските патроли низ француската престолнина. Властите преземаат засилени безбедносни мерки во обид да спречат повторување на насилството, грабежите и немирите од минатата сабота, кога дел од инцидентите ги …

Continue Reading

(Фото+видео) Нови руски напади низ Украина: загинаа четири лица, 78 се повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во изминатите 24 часа, според податоците на локалните власти. Утрово беше нападнат и Киев, каде што руски дрон погоди станбена зграда во населбата Оболон, објави „Киев индепендент“. Во нападот врз станбената зграда биле повредени две лица, а избувнал и пожар, соопшти Киевската градска воена …

Continue Reading

(Видео) Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Стефан Кирков од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Општина Центар да ги разјасни условите под кои се гради објект во скопската населба Буњаковец, посочувајќи на проблеми со паркирањето, зеленилото и движењето на пешаците. Кирков, кој се обрати од улицата „Костурски херои“, поранешна „29 Ноември“, изјави дека, според информациите со кои располага, за објектот не е предвиден соодветен паркинг-простор, …

Continue Reading