(Фото) Димитриеска-Кочоска: Одговорноста не познава празници, работиме на подготовката на Буџетот за 2027 година


screenshot-2026-10-24-140438.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за финансии интензивно работи на подготовката на Буџетот за 2027 година, додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.


Таа на социјалните мрежи објави дека активностите во Министерството продолжуваат и за време на празници и викенди, нагласувајќи ја одговорноста на институцијата за управувањето со јавните финансии.

„И кога е празник и викенд обврските не застануваат кога работиме за нешто што е важно за сите граѓани. Зад секој буџет стојат многу разговори, идеи, одлуки и часови посветена работа. А најважно од сè е кога имаш тим со кој заеднички ги делиш одговорноста за јавните финансии и желбата да направиш нешто добро. Продолжуваме заедно, затоа што одговорноста не познава празници“, стои во објавата на Димитриеска-Кочоска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK