Четири општини се најпогодени од невремето во Скопје, поплавени улици и дворови

Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика поплави и проблеми во повеќе делови од градот, а до Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале бројни пријави од граѓани. Како што информира Центарот за управување со кризи, пријавени се поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и заглавени возила и други опасности предизвикани …

Continue Reading

Писториус: Германија сака заедничко производство на американско оружје во Европа

Германија сака да ја продлабочи соработката со Соединетите Американски Држави во областа на одбранбената индустрија, вклучително и можноста одредени американски системи за оружје или нивни делови да се произведуваат во Германија по лиценца, изјави министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус. Одговарајќи на прашањето дали таквата практика може да ги ослаби европските напори за намалување на зависноста од Вашингтон, тој …

Continue Reading

Започна реконструкцијата на улицата „Маркс и Енгелс“, најави Коњановски

Во централното градско подрачје започна реконструкцијата на улицата „Маркс и Енгелс“, а увид во градежните активности изврши градоначалникот на Битола Тони Коњановски. „Една од единаесетте локации кои денеска ги посетивме и на кои изведува градежни активности Општина Битола, е улицата „Маркс и Енгелс“ во централното градско подрачје. Во должина од 250 метри се изведува комплетна реконструкција што вклучува водоводна мрежа, …

Continue Reading

И Струмица го добива својот „Lidl“: Поставен камен-темелникот на новиот маркет

Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на Lidl во земјава. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен …

Continue Reading

Делови од Шуто Оризари утре без вода

Поради нов водоводен приклучок од ф -500/150 на ул. Плачковица бб.нас.( Шуто Оризари) со прекинато водоснабдување утре 02.07.2026 година ( четврток ) ќе бидат корисниците од ул. Индира Ганди горниот дел во нас. Шуто Оризари до Гробишта. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, соопшти Центарот за управување со кризи.

Continue Reading

Tрамп за крипто заработката: Заработив многу пари пред да станам претседател

Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигитални средства кои имале корист од неговите политики, објавува Ројтерс. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до Канцеларијата за владина етика на САД откриваат дека неговите компании добиле …

Continue Reading

Министерство за животна средина: Завршено уредувањето на коритото на „Мала Рада“, нов модерен и безбеден јавен простор за граѓаните

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваа на настанот по повод успешното завршување на проектот за уредување на речното корито на водотекот „Мала Рада“ во општина Кисела Вода. Во своето обраќање, Мицкоски, истакна дека овој проект е уште еден …

Continue Reading

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата. Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, …

Continue Reading