(🔴Во живо) Избори во Србија: Редици пред избирачките места во Белград и Нови Сад
Србија денеска гласа на предвремените парламентарни избори, кои би можеле да бидат најголемиот тест за власта на Александар Вучиќ во последните 14 години. На неговиот блок сериозно му се заканува политичката сила произлезена од студентските протести по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица. За 250 пратенички места во Народното …
Continue Reading
Променливо облачно време со повремен дожд
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Претпладне во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 6, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува слично време, со променлива …
Continue Reading
Поранешната портпаролка на Белата куќа останува лојална на Трамп и по отказот
Поранешната портпаролка на Белата куќа, Кејти Захарија, изјави дека останува „безусловно лојална“ на американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај неговите јавни критики по нејзиниот краток мандат на функцијата, објави „Дејли мејл“. Захарија (41) ја извршуваше функцијата само пет дена, по што Трамп ја отпушти минатата недела, по серијата грешки и несигурни настапи пред медиумите. На митинг во Флорида во петокот, …
Continue Reading
Кремљ: Засега не е планиран нов телефонски разговор меѓу Путин и Трамп
Нов телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп засега не е планиран, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по договорот за хуманитарна операција во Олешки, во украинската Херсонска област. „Не, засега нема таков план“, одговори Песков на прашањето дали се подготвува нов разговор меѓу двајцата претседатели. Во меѓувреме, руската омбудсманка за човекови права, Јана Лантратова, …
Continue Reading
(Видео) Ескалација на протестите во Тирана: Запалена влезната врата на Министерството за животна средина
Насилни инциденти избувнаа на протестите во центарот на Тирана, каде демонстранти ја запалија влезната врата на Министерството за животна средина, а полицијата употреби големи количества солзавец за да ги растера насобраните на плоштадот „Скендербег“, јавуваат албанските медиуми. Пожарот на влезот на министерството бил изгаснат по кратко време, но пламен бил забележан и на прозорец од истата зграда, објави албанската телевизија …
Continue Reading
Пентагон објави нови досиеја за НЛО: црн триаголник, мистериозни радарски сигнали и чудни суштества во Јута
Пентагон објави седма серија декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави, познати како НЛО. Меѓу 28-те нови документи има извештаи за црн триаголен објект над чувствителна локација во САД, необичен радарски контакт на бомбардер Б-52, стари набљудувања во близина на Калифорнија и необични истражувања на ранч во Јута. Белата куќа ја најави новата објава со пораката „NEW UFO DROP“, но Пентагон …
Continue Reading
(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем
Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“, меѓу Челзи и Тотенхем заврши со триумф на гостите 0:2. Челзи го запиша третиот пораз во сезоната, додека Тотенхем по лошиот старт, беа без победа во првите шест рунди, ја забележа и втората победа. Долго време се чинеше дека нема да има поголеми возбудувања, како и дека најверојатно ќе остане резултатот 0:0. …
Continue Reading
Тешко повреден демонстрант во Тулуз, му биле откинати неколку прсти при експлозија
Еден демонстрант се здобил со тешка повреда на десната рака за време на судирите со полицијата на крајот од денешните протести во францускиот град Тулуз, потврдија регионалните власти за АФП. Инцидентот се случил додека демонстрантите се разотстранувале од населбата Ле Арен, западно од центарот на градот. Новинарите на АФП забележале како пожарникари го евакуираат повредениот. Од префектурата на департманот Горна …
Continue Reading
(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома
Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3 во возбудливото дерби од осмото коло на Серија А. Домашниот тим испушти предност од два гола, а потоа повторно поведе, но Леонардо Балерди ја спаси серијата без пораз на Римјаните. Наполи поведе во 28-та минута преку Андреа Франко Замбо Ангиса, а водството го дуплираше Скот МекТомини на почетокот на второто полувреме. Шкотскиот …
Continue Reading