Муцунски – Варнес: Стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО се клучни фактори за стабилност

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог. „Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не сака отворање на рудник кој ќе ја заживее Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места

СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број. СДС и Филипче не сакаат во Крива Паланка …

Continue Reading

Вонредни ученици во Куманово полагале испити од наредната година без да ја имаат завршено претходната, кривична за директорот

Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во …

Continue Reading

Отворен Саемот на книгата 2026 во Скопје: „Кој чита, живее илјада животи пред да умре“

Книгата е најтивката револуција што човештвото ја познава. Таа не вика, не урива, не бара дозвола, но менува сè, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на Саемот на книгата 2026 во Скопје. На свечениот настан, во присуство на голем број издавачи, автори, гости од земјава и од странство, како и голем број љубители на пишаниот збор, …

Continue Reading

Алиу: Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно во Македонија

Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13% од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители, наспроти европскиот просек од 95 отсто, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, на денешниот состанок на Економско-социјалниот совет во Владата, на …

Continue Reading

Уште една франшиза влегува во трката за потписот на Адетокумбо

Името на Јанис Адетокумбо се повеќе се поврзува со можно заминување од Милвоки, а сега во приказната се приклучи уште една франшиза, Феникс Санс. Според најновите информации што ги објави „Еурохупс“, Санс се споменуваат како една од потенцијалните дестинации за грчката суперѕвезда пред летото 2026 година, доколку дојде до конечна разделба со Бакс. Засега, сè е во доменот на шпекулации, …

Continue Reading

Сезоната заврши за Арда Гулер и Едер Милитао

Фудбалерите на Реал Мадрид, Арда Гулер и Едер Милитао, ќе отсуствуваат од теренот до крајот на сезоната поради повреди, објави денес шпанскиот весник „Марка“. Гулер има проблем со тетивата на десната нога, а Милитао со левата нога, а двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес во вторникот. Клубот, објави дека повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и дека неговиот настап …

Continue Reading

Јамал ја заврши сезоната, ќе биде подготвен за Мундијалот

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ја заврши сезоната, објави клубот. Јамал доживеа повреда на „зданата ложа“, на левата нога против Селта. Се повреди кога го шутна пеналот, што беше единствениот гол во натпреварот. Тој ќе биде подложен на третман, ќе го пропушти остатокот од сезоната, но се очекува да биде подготвен за Светското првенство. „Тестовите потврдија дека играчот од првиот …

Continue Reading

Зоран Ристоски нов директор на МРТВ

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија информира дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – …

Continue Reading