Опожaрен багер во круг на фирма во Шуто Оризари
Синоќа во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во круг на фирма за отпад била опожарена работна машина-багер. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, соопшти полицијата. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје во текот на денот ќе биде извршен увид и се …
Continue Reading
Раст на буџетот, модернизација на Армијата и грижа за вработените, Мисајловски ги сумираше резултатите во одбраната
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (2 јули) на прес-конференција во Министерството ги сумираше резултатите во одбраната и во Армијата во изминатите две години при што истакна дека земјава е безбедна и сигурна и дека процесот за модернизација и опремување, како и развојот на кадарот, поддржани од стабилниот раст на буџетот се реализираат со интензивно темпо. „Она што сите го …
Continue Reading
Поплавата ја уништи издавачката куќа „Антолог“: „Загубата, и материјално и емотивно, е неверојатно голема“
Десетици илјади книги, инвентар, техника и возила на издавачката куќа „Антолог“ се целосно уништени во вчерашното невреме што го зафати Скопје. Од таму велат дека целосно се поплавени магацинските простории и дека загубата е неверојатно голема. „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на …
Continue Reading
Епидемија на салмонела во 14 земји поради инстант тестенини
Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и здравствените власти денес објавија дека епидемија на инфекција со салмонела поврзана со ароматизирани инстант тестенини е регистрирана во неколку европски земји, со 106 потврдени случаи, претежно кај деца и млади луѓе. Случаите за прв пат беа пријавени во ноември, а најмалку 49 лица беа хоспитализирани, соопштија EFSA и Европскиот центар за превенција …
Continue Reading
Втората најголема активна област забележана на Сонцето во последните 10 години
Активната област на Сонцето порасна и стана втора по големина во последните 10 години, објави Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за космички истражувања на Руската академија на науките. Групата сончеви дамки означена со бројот 4478 во текот на претходните 24 часа дополнително ја зголеми својата површина и достигна големина од 1.550 единици, изјавија руски научници, пренесува „Интерфакс“. Според нивните …
Continue Reading
Се урива „Али“ тобако на Бит Пазар
Тобакото „Али“ кое се наоѓа на тротоар на Бит Пазар се урива, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“, напиша кратко Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. Ѓорѓиевски во февруари најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни …
Continue Reading
59-годишен осуденик извршил обљуба врз друг осуденик во затворот во Штип
На 30.06.2026 во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено поправната установа Затвор Штип бил донесен 39 годишен осуденик од кавадаречко. Според пријавеното, во установата 59 годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.
Continue Reading
Родителите не се одговорни за постапките на нивните деца кои тепаа соученичка, утврди Вишото обвинителство во Штип
Вишото јавно обвинителство во Штип утврди дека родителите на ученичките кои тепаа нивна соученичка во Штип, додека други машки деца го снимаа настанот, не се одговорни за постапките на нивните деца. Со ова се потврди одлуката на Основното јавно обвинителство во Штип за отфрлање на кривичните пријави против родителите на децата кои го тепаа девојчето. „Само што примив Решение од …
Continue Reading
ДЗС со две нови теренски возила
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска присуствуваше при приемот на двете нови теренски возила што Дирекцијата ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција. Новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари …
Continue Reading