Вишото јавно обвинителство во Штип утврди дека родителите на ученичките кои тепаа нивна соученичка во Штип, додека други машки деца го снимаа настанот, не се одговорни за постапките на нивните деца.
Со ова се потврди одлуката на Основното јавно обвинителство во Штип за отфрлање на кривичните пријави против родителите на децата кои го тепаа девојчето.
„Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца. Ејјјј, не биле свесни🙈не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било.
И ова пази “Фактот што детето самостојно превземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирање🙈
Каква порака се испраќа со ова?
Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видео снимки, што со останатите насилства?“, напиша адвокатката Маја Ристова на „Фејсбук“.