(Видео) Кина евакуираше над 600.000 луѓе поради тајфунот Бави
Кина евакуираше повеќе од 600.000 луѓе пред налетот на тајфунот Бави, кој во саботата се приближи кон источниот дел на земјата и кон градот Венџоу, јавија кинеските државни медиуми. Тајфунот претходно донесе обилни врнежи и силни ветрови во јужниот јапонски островски синџир Сакишима, а помина и покрај северниот дел на Тајван. Над половина милион евакуирани во провинцијата Џеџијанг Иако Бави …
Continue Reading
Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид. Во својата објава Николоски напиша: „Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски повикува на договор за Изборниот законик, Филипче: Нема да дозволиме „изборен грабеж“
Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и денеска излегоа со спротивставени ставови околу измените на Изборниот законик, особено околу предложениот модел за гласање на дијаспората. Мицкоски ја повика опозицијата на, како што рече, одговорност и зрелост, оценувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека Филипче тврди дека проблем е можноста за, како што рече, изборни …
Continue Reading
Научниците открија нов вид диносаурус во Тајланд: имaл врат долг 20 метри и живеел пред 150 милиони години
Палеонтолози од Тајланд тврдат дека откриле нов вид диносаурус по анализата на фосили пронајдени во провинцијата Каласин, во североисточниот дел на земјата. Новиот вид е наречен Uragasaurus kalasinensis, а научниците претпоставуваат дека овој тревојаден диносаурус живеел пред околу 150 милиони години. Неговата највпечатлива карактеристика бил исклучително долгиот врат, кој достигнувал до 20 метри – должина споредлива со терен за крикет. …
Continue Reading
(Видео) Украина тврди дека погодила најмалку 21 руски танкер во Азовското Море
Украинските одбранбени сили соопштија дека во ноќта меѓу 10 и 11 јули извршиле напад врз руски пловила во Азовското Море, при што бил погоден 21 руски танкер што, според Киев, се користел за транспорт на нафта и нафтени деривати. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, танкерите биле дел од логистичката мрежа преку која Русија ги заобиколува меѓународните санкции и …
Continue Reading
(Видео) Трговците кои ги зголемиле маржите ќе бидат предупредени, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, откако Државниот пазарен инспекторат направи анализа на цените и трговските маржи на околу 700 производи. Според премиерот, анализата покажала дека кај дел од производите е забележано зголемување на трговските маржи во споредба со истиот период лани. „Очекуваме во најкраток период оние …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе продолжи со спроведување на реформите и дека останува посветена на европската интеграција, но без, како што рече, деструктивни и безусловни отстапки на штета на националните интереси. Одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Охрид, во контекст на евроинтегративниот напредок на Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, Мицкоски рече дека Владата …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Македонија повеќе не е на европската агенда поради Мицкоски
Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, кажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда. „Во текот …
Continue Reading
МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на …
Continue Reading