Пановски за состојбата во Гостивар: Епа браво, 30 отсто од градот е болен, а нема епидемија

Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 се регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град заболеле 30% од населението од иста болест …

Continue Reading

Иран се повлече од договорот со САД

Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција Фарс. Заменик-министербот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран го суспендирал договорот бидејќи Вашингтон со своите воени дејства ги прекршил обврските од Меморандумот за разбирање потпишан во Исламабад. „Повеќе не се сметаме за обврзани да ги почитуваме договорените обврски“, рече Гарибабади. Иранскиот врховен лидер …

Continue Reading

Гром усмрти 97 овци на швајцарските Алпи

Дури 97 црноноси овци угинале откако гром удрил во стадо на швајцарските Алпи, додека околу 80 животни преживеале. Инцидентот се случил во текот на ноќта на планинско пасиште на планината Егерхорн, на надморска височина од 2.503 метри, по силните грмежи што зафатиле голем дел од Швајцарија. Одгледувачот изјавил дека овците биле собрани во ограден простор како заштита од волци, мерка …

Continue Reading

Напад врз партнерка, агресија кон сопруга и мајка, закани кон деца – повеќе случаи пријавени во полиција

Полицијата во изминатото деноноќие евидентирала повеќе случаи на семејно насилство и закани во Охрид, Струга и Скопје, при што две лица се приведени. Во Охрид, во петокот во 23:10 часот, полициски службеници го привеле П.С. од охридско село, по пријава дека во семејниот дом бил агресивен кон својата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна …

Continue Reading

До понеделник горештини, потоа следува промена на времето

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност се очекува утре низ земјава, а дневната температура ќе достигне до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од …

Continue Reading

НАТО предупредува: Русија би загубила многу повеќе отколку што би добила со напад врз Полска или Балтикот

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Џузепе Каво Драгоне, предупреди дека Русија би претрпела многу поголема штета отколку што би добила доколку се обиде да ги нападне Полска или балтичките земји, објави „Индекс“, повикувајќи се на интервју за „Киев индипендент“. „Денес Русија би загубила многу повеќе отколку што би добила со каква било акција против Полска или Балтикот. Подготвени сме“, …

Continue Reading

Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата; СДСМ: Реагирате кога штетата е веќе направена

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе ги намали акцизите на дизелот и безоловните горива поради очекуваниот раст на цените на нафтените деривати, а по ова следуваше реакција од СДСМ, од каде оценија дека Владата реагира предоцна. Мицкоски изјави дека, поради состојбата на Блискиот Исток, растот на цената на нафтата на светските берзи и посилниот долар, очекува поскапување на …

Continue Reading

Уапсен скопјанец по пријава за обљуба на 32-годишна жена во Лисиче

Четириесет и едногодишен скопјанец е приведен по пријава дека на подрачјето на Лисиче две лица извршиле обљуба врз 32-годишна жена. Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска, 18 јули, во 00:20 часот. Во врска со случајот, од слобода е лишен А.М. (41) од Скопје, а полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Кими Антонели со „Мерцедес“ утре ќе стартува од пол позицијата

На квалификациските трки во Ф1, денес во Белгија, на легедарната Спа, првите места ги освоија Кими Антонели со „Мерцедес“, пред Макс Верстапен со „Ред Бул“ и утре ќе стартуваат од првиот стартен ред. Третото место го освои Ландо Норис од Мекларен, но заради казна ќе стартува 10 места наназад, а од третата позиција ќе стартува Џорџ Расел со Мерцедес.

Continue Reading