Минчев: Започнува практичната примена на мерит-системот во јавната администрација

Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор. Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со донесувањето на …

Continue Reading

Шасивари на средна со Рокас: Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност со …

Continue Reading

Министерството за локална самоуправа донираше 50.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на …

Continue Reading

Сезонските работници и две екипи за сечење и кастрење дрвја од синоќа се на терен во Чаир

Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја, соопштија од Општината. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на …

Continue Reading

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 …

Continue Reading

Серафимовски во Струмица по невремето: Треба да бидеме вистински партнери со земјоделците во текот на целиот процес

Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури.  Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, ги …

Continue Reading

Герасимовски ги повика куќните совети да ги проверат безбедносните ризици за фасадите и покривите на зградите во Центар,

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение …

Continue Reading

Мицкоски: Работиме да обезбедиме најпрво техничка, a потоа и вода за пиење во Гостивар

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите. „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега …

Continue Reading

Епидемијата во Гостивар има смирувачки тренд, од вчерашните 290, денес има 190 нови пациенти, вели Клековски

Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со …

Continue Reading