Дали имало местење на Светското првенство? Под сомнеж се седум ситуации, во игра милијарди долари
Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на обложување …
Continue Reading
„Волстрит журнал“: Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, советниците стравуваат од изборен пораз
Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, која влегува во петтиот месец, а негови советници стравуваат дека конфликтот може да го обележи вториот мандат и негативно да влијае врз републиканците на претстојните избори за Конгресот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата. Според весникот, Трамп сè помалку верува дека преговорите можат да донесат …
Continue Reading
СДСМ бара оставки: По Гостивар, небезбедна вода и во Валандово, Крушево и болницата во Лешок
СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. …
Continue Reading
Мајката на Ејми Вајнхаус 15 години по нејзината смрт: „Беше жртва на сопствениот успех“
Петнаесет години по смртта на Ејми Вајнхаус, нејзината мајка Џенис изјави дека пејачката станала „жртва на сопствениот успех“ и дека славата никогаш не била нешто што го посакувала. „Не го сакаше тоа, но славата едноставно ја следеше“, рече Џенис во интервју, додавајќи дека Ејми била несигурна и дека токму затоа алкохолот ѝ станал начин привремено да ја ублажи болката. По …
Continue Reading
Грузија победник на осмото издание на „Фолк Фест Скопје 2026“
Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Фолк Фест Скопје 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија …
Continue Reading
Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Австрија, се почувствува и во Словенија
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите …
Continue Reading
Почетник возел 211 километри на час на автопатот Скопје–Тетово
Полицијата приведе возач почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, кој управувал„фолксваген артеон“ со брзина од 211 километри на час. При сообраќајната контрола, извршена со радар, било утврдено дека И.А. (18), како возач-почетник, возел повеќе од двојно над максимално дозволената брзина од 100 километри на час на автопат. Од МВР соопштија дека поради стореното кривично дело возилото е одземено, а …
Continue Reading
Надал му оддаде големо признание на Ѓоковиќ: Никогаш не сум видел подобар од него
Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни …
Continue Reading
(Видео) Трамп за снимките од нападот врз иранското училиште: Можно е да се генерирани со вештачка интелигенција
Американскиот претседател Доналд Трамп ги доведе во прашање снимките и фотографиите поврзани со воздушниот напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој, според извештаите, загинаа 120 деца и десетици наставници и родители. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека е можно снимките на кои се гледаат остатоци од американски ракети „Томахавк“ да се генерирани со вештачка интелигенција. …
Continue Reading