Почетник возел 211 километри на час на автопатот Скопје–Тетово


avtopat-skopje-tetovo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата приведе возач почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, кој управувал„фолксваген артеон“ со брзина од 211 километри на час.


При сообраќајната контрола, извршена со радар, било утврдено дека И.А. (18), како возач-почетник, возел повеќе од двојно над максимално дозволената брзина од 100 километри на час на автопат.

Од МВР соопштија дека поради стореното кривично дело возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK